Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга, роденден ми е ич не тебам. Роден на Митроен а не сум Митре, којгеба ко кумо бил глуп. Иначе мир во свето, и титула за Арсенал. Тро со пијан ама то колку за без ич ;) И уше едно нешо, ако не ми дајш казнени и после ова те мразам :love:
 
Имаше нешто онака топ у потегот што го направив вчера, му подадов рака на мало детенце да се симне од еден на друг спрат откако мајка му си тргна со количката и другото дете, без да се замара за како ќе се симне детево. Се бутаа луѓе од сите страни, мило ми е што го "спасив" од нивните расеани брзи чекори и му помогнав да слезе на другиот спрат. Иако не ме разбираше (циганче беше мислам) што му зборував, воопшто не се побуни што го држев тие 2 минути за рака.

Истиот ден видов жена која буткаше сама кола која и` се расипа на сред улица во гужва од коли. Иако имаше луѓе наоколу, никој не дојде во клучните моменти, а за среќа колата беше мала, а женава одлучна.

Секојдневно има такви некои случаи низ градов кои ме ужаснуваат, несреќа на луѓе, немарност на гестови, несреќни ситуации. И најчесто сите тие работи не се решаваат толку лесно како да фатиш детенце за рака и го пренесеш. Или е потребно големи компании да преземаат повеќе општествена одговорност преку донации, или да се смени целокупно капиталистичкиов систем. Засега, обичниот македонски човек се чувствува измачено и изморено (од сиромаштија, од несоодветност на системот, од својот менталитет на "жртва", од неедукација, од ебавање по неодговорни институции и болници, и пак за крај, сиромаштија).
 
Драга, има една група на фб ја нарекуваат Ѕид на сообраќајниот срам. Е сеа во групава едно добри 60% од луѓето мислат дека се најпаметни, најчесни возачи што можат да постојат. Они никад ништо не згрешиле, секад паркирале правилно, на тротар кола на оставиле, паркинг секад плаќале. Ставаат безвезни слики од исти места секој ебан ден...Видете го дебилов, видете го овој.
Да не мислиш дека сум исфрустиран пошто мене ме стајле во групата, тоа се нема десено, туку ова го кажувам заради луѓето во групата што ми идат преку таквото со нивните постови, коментари, солење памет итн
 
Драга,

Видов сега дека денес е 8ми. Слави бе. Ако порано ми беше ок да се маткам со роднините за саат-два, баш периодов не можам да ги трпам нешто многу. Вака ќе тече утре муабетот со бар 10 души.
- И сега заврши ти, дипломира, така?
- Да, да.
- Леле честитки, бравос, ај да си најдеш работа побрзо.
- Аха, да, фала, фала.
- И сега што ќе правиш? Кои ти се плановите за понатака?

И што треба на ова да одговорам? Се вадам со глупости нели, али ме замара прашањево. Од кај да знам. Неам голем план како треба да оди нештото понатака. И со секое поставување на ова прашање е ко да треба јас да се заангажирам со цела моја сила, дење-ноќе да се деси нешто, да се насочам кон нешто кое би ми било амбиција и цел. Епа не знам и не сметам дека е тоа некоја лоша работа, иако стварно врска немам.
Иам само краткорочни планови. Планот за утре ми е да ги избегавам тие купените благи, за ништо не ги бива.
 
Драга...

... конечно малце инспирација. Колку е добро чувството кога по долго време ќе се напиеш пиво. Не дека не сум имал време да излезам да се напијам или нешто, него у последно време све ми беше, ај на кафе, ај коктели да зееме ефтини се, ај коњак, ај настинат сум па чај, и све некои такви срања се изнаредија. Синоќа по долго време конечно си мавнав пивце. Едно бе, доволно, не мораше којзнае колку. Точено скопско, фино, префино. Одма осеќаш разлика у организмот, разлика во угаснувањето на жедта, па дури и разлика во психата, во твоето размислување, ти ги менува чувствата, се осеќаш појако со првата голтка. Пијалак за луѓе! Сите други пијалоци се млитави и никад не би можеле да го заменат тоа точено пивце, најуникатниот пијалок на светот. Светот би бил многу поразличен без тебе, пиво мое мало. И за крај да го цитирам мојот најдобар другар, кој често, со онаа *not bad* фаца знае да каже...

- "пиво брат..."

thumbs-up-obama-not-bad.jpeg

* (не е Обама другар ми)
 
Драга Кајгана,
Кога ми е густо, стварно не знам кај да се обратам. Во најчест случај се губам и си останувам со прстот во уста. Ама па и убаво ми е. На сите страни се борам. Вложувам дел од себе. Овојпат идеме насочено. Цврсто. Детерминирано.
Сепак е поубаво кога ми е тепсија. А тешка е, упм.
 
Обично не сум по овие енергетските пијалоци и коа и да ми се деси да пијам, скренувам. Те сеа, демек требаше да учам, пошо у понеделник иам уште едно полагање, земав напив се. Прочитав на тоа кај содржината дека има кофеин ептен ногу и ја викам овоа концентрација т'мн, ќе решавам задачи како ненормален! Е да, испив го и сеа не можам да седнам на столо. Само натам навам се шлаам. Шо да праам. Не можам да доседам не па да учам. Некој да се тепа со мене?! Ај рагби! У пичку матер!
 
Kaјгич, доста време губев у Магарец, доста чаши на екс испив, нејќу више. :ROFLMAO: Сабајлево го утепав татко ми у табланет. :D Ми тргна барем во некоја игра со карти, еј. :LOL:

Иначе сонував како сум правела преубава торта. Огромна беше. И таман да ја пробам, се разбудив бе. :вонзем: Барем рецептот да ми останеше, ептен изгледаше сочно. :X3: До душа сонував и како мечка ми го апнала мобилниот. :facepalm:

Ги гледав прееска купиштата поклонски ќеси што ги имам дома (вклучувајќи ги и оние за вино), којзнае колкав пат имаат поминато. Од еден, на друг. :noze: И вака и така, ко што гледаш неам ништо паметно за кажување, чао. :D
 
Кајг
Именден ми било, ај то, и после 3 години дома се вратив за денов бе, сум заборавил како изглеа есен овдека.
А и не оди на бербер ако гледаш дека е мамурен (а мојот е нон стоп мамурен т.е. секоја вечер пијан) пошо ко мене сеа ќе останиш без брада :confused:
 
Драга Кајгана,
Денес се празнува Св. Димитриј Солунски - Митровден!
Нека им е честита славата и именденот на сите оние кои го празнуваат овој ден!
За многу години нека е!

:)
 
Да здивниме малку од одење по невеста и од седум в сала...
Да си изјавам тука оти на друго место ќе ми се налутат :icon_lol:.

Илчовице млада невесто
големо село имате :icon_lol:.


 
Драга кајгана.
Јас сакам да кажам дека кога некој се соочува со сериозен проблем, најдобро е да се обрати на вистинското место.
Интернетот не е правото место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom