Имаше нешто онака топ у потегот што го направив вчера, му подадов рака на мало детенце да се симне од еден на друг спрат откако мајка му си тргна со количката и другото дете, без да се замара за како ќе се симне детево. Се бутаа луѓе од сите страни, мило ми е што го "спасив" од нивните расеани брзи чекори и му помогнав да слезе на другиот спрат. Иако не ме разбираше (циганче беше мислам) што му зборував, воопшто не се побуни што го држев тие 2 минути за рака.
Истиот ден видов жена која буткаше сама кола која и` се расипа на сред улица во гужва од коли. Иако имаше луѓе наоколу, никој не дојде во клучните моменти, а за среќа колата беше мала, а женава одлучна.
Секојдневно има такви некои случаи низ градов кои ме ужаснуваат, несреќа на луѓе, немарност на гестови, несреќни ситуации. И најчесто сите тие работи не се решаваат толку лесно како да фатиш детенце за рака и го пренесеш. Или е потребно големи компании да преземаат повеќе општествена одговорност преку донации, или да се смени целокупно капиталистичкиов систем. Засега, обичниот македонски човек се чувствува измачено и изморено (од сиромаштија, од несоодветност на системот, од својот менталитет на "жртва", од неедукација, од ебавање по неодговорни институции и болници, и пак за крај, сиромаштија).