Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драа,

да си стерилен мора да е големо разочарување за сите твои плодни роднини у континуитет у последниве милијарда години.
 
Драга,

Шо се случуе со онлајн игриве жалосно е, ми ја уништија единствената игра што си ја играв, сакав, почитував, негував...wtf is wrong with me, контролирај се...Играта што си ја играв стално, 8 Ball Pool Multyplayer, глеам трајно ја унакажале, со цел да заработат повеќе, вовеле некои нови опции, купување на стеки со огромни aim, односно со огромни мети, метата од билето фаќа до дупката, така да промашување во никој случај. Професионалност никаква, дете од 5 години може да те тепа со толкава мета, да ти е срам да ја уклучиш играва, така да отиде и таа игра во историјата.

Се чудам шо е следно, на шахот да воведат опции на фигурите.

Top Offers - Limited Edition!
Исчешлај го коњот for only 4.99$
Вгради и импланти на кралицата for only 10.99$
Подмачкај го топот за да се движи побрзо за 0.2 секунди for only 2.99$
Купи му трон на кралот како оној во Game of Thrones for only 20.99$

Пуст профит, what is next?
Ајт чао. :icon_mrgr:
 
Passed down to you...
По нешто помалку од 9 месеци, пак стапнав во (сега стариот) театар, еден постмодернистички ски центар, на доза квалитетна музика од Верди. Очекував истиот пробисвет од минатиот пат, но останав „разочаран“. И покрај тоа што Тоше не` учеше да правиме ѕвездено небо за време на претставата, сепак се осеќаше дека имаше малку поприбрана маса на млади на кои телефоните им останаа безгласни до крајот на претставата. Можам да се присетам на моментот на еден дамнешен концерт на Симон кога телефонот на една бабетина бесомучно ја свиреше онаа тажната 40та на Волфи, а кутрата неспособна срам ја фати откако пијанистот запре, се накашла и и` упати убитачен поглед. Сигурно сељакот не знаел да ја свири толку добро како на мобилен.
Како и да е, оваа претстава не успеа да го наруши оној хаос што го имам во главата наречен „параноја од големи затворени простории“ додека балерината ситно на прсти ми се прикрадуваше, кокетирајќи со неколку фрлени погледи кон публиката. Можеби затоа што седиштата што ни` се паднаа во центарот изгледаше како да ми зборува само на мене. Ах да... и крајот.... неочекуваниот крај... ги кинеше цветните латици, покажувајќи ја својата душа како венее додека таа знаеше дека никогаш, ама баш никогаш повторно нема да биде сакана.
Испадна дека сум слушал неколку партиции од тој балет, иако Верди не ми е меѓу најомилените композитори. Во секој случај, задоволен како и од ансамблот така и од публиката која се воздржа да не направи некој ексцес.
So says Saladin...
 
Последно уредено:
Каква вечер сме имале... :icon_mrgr:
Научив нова игра, плус победив во првото играње:гик:
Бајаги интересна, го надвладеа монополот кој го игравме минатата недела, плус не заврши со инциденти како тогаш :icon_lol:
После тоа се префрламе на Neo-Geo игрици :icon_mrgr:
Прво правевме турнир во Street hoop, па во goal goal goal :icon_mrgr:
street_hoop_(cd).gif


Најдобра кошаркарска игра :icon_mrgr:
Само чекаш под кош и кога противникот ќе шутне од далеку, си скокаш и ја фаќаш топката во лет :pos::pos::pos:
Куцањата се посебна приказна, додека си во воздух, ги кршиш од ќотек противниците.
А кога ќе дојде супершутот, е тоа е... :sneaky:
На ова ли сме давале пари на времето? Ако губиш на полувреме, ставаш жетон :pos:
Ако играат двајца и е нерешено, и двајцата ставаат по еден жетон :LOL:
Освоив бронза тука :icon_mrgr:

После тоа се префрливме на фудбалот.
Goal!%20Goal!%20Goal!%20(2).jpg


Пред мечот местиш тактика :cuc:
Која и да ја одбереш, исти курац :icon_mrgr:
Голманите бранат на невидено, му шутираш од едно метро, жива ја фаќа :нинџ:
Едини начин да дадеш гол е ако шутнеш од далеку, па голманот да ја одбие и на одбиена да погодиш. Или ако нафрлиш па да ја затегне со макази :icon_mrgr:
Па кога ќе дадеш гол, пишува supergoal, powerfull, beautifull, wonderfull goal :pos::pos::pos:
Какви неизвесни партии игравме, после 6-7 партии останавме на по 1 победа и 5 нерешени со другаров :вонзем:
Никаков офсајд нема во играва, фаулите се најрандом што може, го кршиш од позади во шеснаесетник, пенали нема :icon_mrgr:
Газев со Бугарите... :icon_mrgr: Екипите се уствари учесниците на СП 1994:icon_mrgr:
Моментот беше играме, Бугарија-Италија, ми израмнува на 2-2 во последна секунда и на крај во injury time искача сам пред гол, шутира, мојов голман брани, шутира на одбиената, и само што влага топката во гол, пишува TIME UP и завршува нерешено :LOL:

Реакциите на фудбалерите се прајслес, а во баскетот најдобро е што при секоја победа, на различен начин е прославата. Некогаш летаат птици, некогаш едно куче трча околу тебе, а ако имаат среќа играчите, доаѓа една типка од публика и ги бацува :LOL:

Стомак ме болеше од смеење, а врвот на вечерта беше кога еден од другариве праша на кои копчиња се давало дугачок пас, на кои краток, а на кои се нафрлало :cuc::vozbud::pos:
Тоа две копчиња има за цела игра, што и да стиснеш додава, нити дирекции даваш ни ништо :pos:
 
Нема ништо боље од мирисот на свеж воздух за време на дожд измешан со оној на омекшивачот од штотуку испрани алишта. Ме потсеќа на периодот од детството кога чекав на балкон да помине UFO пун со вонземјани кои ќе комуницираат со мене (ова откако го гледав Е.Т.). :X3:
Никогаш не знаеш во кој правец ќе те однесе животот.
Да, признавам, верував дека сум индиго дете на мои 11 и медитирав за да направам мемориска регресија во мојот минат живот.
Сеа сум 24 годишен анксиозен гејмер со бонус ОЦД.
Којзнае што носи утрето. Можда ќе завршам ко чистач на ходници у некој затуцан секс шоп у Оклахома Сити, а у слободно време ќе работам како Дедо Мраз и ќе умрам од цироза.
 
Кога ќе станам од спиење и ќе се видам во огледало го гледам Жижек.
 
Бејби,

You're back!
Не си пропуштила ништо. Ние уште пробуваме да се мафнеме од овде. Деновиве поминуваат ко недели. Не сакам да почнам со работа тука зашто тоа значи дека остануваме, барем цел месец. Ладно е, не сакам да останеме ни 2 недели, камоли месец. А ова селењево скапо у пм. Зашто неможе да биде поедноставно? Некој треба да го смени процесов цел. Не штима вака. А си мислиш ако луѓево се селат овде цело време, би било едноставно, така? Е не. Зачаран круг е работава. Добро би ми дошло малку среќа сега.

Нешто што уште неможам да си го извадам од глава е, зашто луѓево се шокираат повеќе кога ќе слушнат дека некој е верен, отколку дека некој не е? Ко тоа дека си во брак да не значи ништо, а за врска па да не збориме... До каде е дојдена ситуацијава....
 
2 недели како седам дома, а моите 30 пати ми се качија на глава да идам да практицирам/работам. Уствари учев и си терав лични обврски, за жал не стигнав до глеање филмови и слично. Според нивна логика, битно е да не се седи дома ... Уште некое време, па да си соберам парталите. :coffee:
 
Драга уелкам бек.

Што туку го добив НАЈЛЕГИТИМНИОТ МЕЈЛ што некогаш постои...а сум добил ептен ENLARGE YOUR PENIS мејлови..не дека ми треба..нешто..такво..

XRbip0f.png


АЈДЕ ПА НА СВАДБА ЌЕ МИ ИГРАТЕ ! :vozbud:
 
Драга,

Еве и јас исто ко Натурал.
Иам слушалки на уши и кога не слушам нешто, само за да не се почне некој таков муабет. Абе патетики. Само што за некој ден јас ќе се спакувам и ќе ме видат на Божиќ. Ги сакам стварно, али да поминам цел живот блиску до нив, да им играм по нивни правила и памет, аха, то нече бити.
Пред некое време ја слушнав тетка ми у муабет со моиве, додека јас се маткав низ кујна, дека некоја моја втора/трета братучеда више не била психички баш најОК зашто цела година не можела да си најде работа и немала занимација. И дале некои апчиња да си голта сега.
Како нема да се мрдниш кога имаш такви дома кои ти ја пукаат главата и те прават да се осеќаш ко да си бескорисен паразит. Затоа никој веќе на 25 нема нерви, ај што треба да трпиш секакви идиоти, ами и од дома толку те замараат за стварно нешто што можда не зависи 100% од тебе.
Не знам дали овие родителиве сфаќаат колку тоа нивнито хистерично понашање влијае негативно врз децата, како за нив е поарно да излезат со крената глава пред комшиите отколку да се замислат како уствари си ги трујат децата со срања.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom