Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга
Шо пејат глувцине? По друм одам мајче, по друм шетаам, аааа, аман аман...
:ROFLMAO:,
ВМРО а? Празник ха. Госпо да ни го варди Николчета наш, алтан тој да не носи во Европа.:ROFLMAO:
 
ДК

Го знаеш она "од утре" или "од понеделник", или "од 1ви наредниов месец"... е, му дојде редот и на тоа мое "утре".. од утре т.е. сабајле најточно :D
Be strong Bazence.
 
Бејби,
Интересно е многу како мозокот си ги идеализира луѓето кои ги сакаме/свиѓаме. 6 години покасно, и се` изгледа чудно и различно :)
Скопје не е тоа што беше. Нема веќе живот во било кое време надвор. Денес вечер пример се` беше мртво. Тапа тапосана.
Иначе не спијам доволно, како што и уствари сакав... Али, секоја вечер е борба помеѓу „Не сакам да си легнам“ и „Морам да спијам за да функционирам“... И нормално, второто победува :D
Хормониве не седат мирни, па тоа ти е...

@коцка , добра си со 7 месеци, јас 2ипол години чекав (и замарав). Ама само лице во лице и нема откажување. А да не збориме за другиот дотичен што ми дужи 3 пати повеќе и го чекам веќе едно 3ипол години. И абер нема да ги врати, а се прчи по Скопје пари имал типот. :tapp:
 
Фино ми тргна преселбава...
Поранешниот љубоморен маж на една пријателка ја запалил новата ми зграда. Јас во тој момент носев работи во станот, го видов пожарот, испаничено истрчав кај Тарзан за да викне пожарна, али Тарзан не ѕвони на тој број, човекот рипна во зградата да го гаси пожарот. Се сеќавам само дека видов нешто чудно како гори и се изгубив скроз! Од Тарзан ни трага ни глас.
Викнав пожарна.
Едно време слушнав некој како бара помош. Една Арапка се префрлала со пет деца(меѓу кои имаше две бебиња, а најстарото беше околу пет години) преку тераса. Пискотници на сите страни. Истрчав да ѝ помогнам, ги сместив на топло, во меѓувреме дојдоа пожарникарите, ги завиткавме босите ножиња на дечињата со ќебиња и истрчав надвор да видам дали Тарзан ми е жив.
За среќа немаше многу голема материјална штета и немаше повредени.
Сега седам кај пријателката, страв ѝ е да биде сама дома...
Мислам дека доволно стрес искркав за еден живот.
Надвор слушам чудни звуци, али ми не зовемо 911.
 
Бакнеж во сон на моето трето око :icon_lol:.

Среќен празник :icon_lol:.

 
Кеј,
Како да ти кажам.....Порано кога одев на заболекар ми беше страв дека ќе ме боли, сеа ми е страв дека кредит ќе треба да земам за да платам за било каква интервенција. Ме сотреа поштено....
Последниов период приметив дека оние кои помалце се замараат во глобала поубаво си го поминуваат животот. Имало сонце надвор, убав бил денот, абе зошо да одиме на вежби, дај ќе одиме на кафе. Ќе те направат глуп ако не одиш со нив, ама кога ќе седнат дома и кога не знаат од каде да почнат знаат да замараат по 2 сати, како било ова како било она. Еве не знам. Почнувам да ставам на игнор се живо и диво, и да ти кажам ме боли таквата ако некој ме смета за себична или некултурна. Битно мене да ми е мирна главата.
 
#metalika :icon_lol:

10516778_878759175497739_4168252484044995684_n.jpg
 
Порано имаше еден сајт се викаше испразни се незнам дали уште е активен и прочитав едно мислење кое на почетокот ми беше смешно ама после кратка пауза мало размислување трагедија незнам луѓето секој ден се борат со се и сешто со најразлични проблеми престанува ли ?

''Ех каков живот, цел живот без пари го минав, 36 год. имам. Од никого работа не можам да добијам. Одам по улица и човек не ме гледа. Како да сум невидлив. Вртат очи, но низ мене врви поглед. Празна душа, ништо не останало, само алишта стари сами се движат по улица.''
 
Цело лето се утепав трчајки,се занимавав со спорт идев на планина,ајде се утепав дур слегов испод 80кг.Сеа гледам пак иста песна,со таа разлика што сеа е зима:facepalm:,Кој спортови сеа да ги играм уметничко лизгање можда:D,до крај на зимава ако не стигнам до 90 супер ќе сум.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom