Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана,
Го чекам денот кога и јас ќе се натпреварувам на Летен фолк хит и ќе ме даваат на Интвау:)
 
Драга Кајгана, со @Red John ја најдовме совршената религија за @Peja989 - јеховин сведок :pipi: одлично ќе се вклопи во правилата. Пишува no witchcraft, white magic, black magic, што значи нема да има потреба да се напнува за Ливерпул понатака :D
 
Башка како дополнителен бонус ми е то шо ќе има забрана за да се дружи со нас.

praise the lord

zacleni se glup
 
Ми идат гости денеска,и ок ајде вика може да се запали цигара,и сеа нормално незгодно ми е да ги вадам на балкон.им викам ако,иако кај мене дома никој непуши.И ок си тера вечерта и у неврзан муабет слушам ние дома не пушиме на балкон излегуваме(y).Абе Нино кретен еден само ти си глуп да им дозволуваш да се пуши внатре.Од сеа кој и да дојде не на балкон надвор ќе ги терам,а не ми е прв пут вака да се заебам,ама теле се учи вол тешко.Значи муабетов ми е ,дека некој луѓе се оперирани од зборот осет.
 
И така драга денес си платив 10 денари за да си скршам рака. Генијален потег. Излеговме со другарчиња на кафе, па поседивме у паркот коа ми текна дека во луна паркот погоре има она за бокс и мерење на удар. И така од 0 до 900 удрив на 720, значи манга ипол сум, и си отидов дома со скршена рака. И сега пишувам со лева рака.
20 години имам.
срам ми е.
генијален идиот.
 
Кажи му на модераторов над мене дека ко че му се истурат жените, и брави и крастајци че види. Па и креативност.

п.с нека не им пушта Редиохед, че ги брка од соба така. :coffee:
 
Добро шо му текна на Аndrew да пише.
БРАВА бе...ќе заборавев. После духови имало...е не се духови, комшиите од спрат се!

Драга, имам список за пазарење долг колку Вардар. :cautious:
И цело време одолговлекувам и чекам да дојде последен момент.
Нормално, ако не трчам ко будала у пет за дванаесет да средувам. И ако не заборавам пола од работите. Тоа не сум јас!

Шо убаво на времето си бев организирана. Сега лежи цел ден и серии гледај.
Овие па од ФоксЛајф- глупави. Grey's anatomy им текна да ја даваат еднаш неделно. Цела недела мислам шо се деси со докторот. Се спаси ли? :confused:

Знам дека забегувам, Драга. Ама и ти три месеци да живееш само со серии ќе почнеш да се смееш со нив. И да се лигавиш пред тв со нив...мислам ако не почнеме со факс уште некоја недела ќе почнам и да си зборам со нив :unsure:
 
blackbox.jpeg


:mad:
 
Животот ми е ко Temple Run. Или се залетувам за некоја работа па после се траќам од земја или каснам со некоја одлука или нешто и пак се траќам од земја :unsure:
Или можев уште три пати у реченицата да напишам "или".
 
Да не беше ова предизвикот со книги, немаше да знам колку од луѓето шо ги знам по фејсбукот, го читаат Достоевски во слободното време. Доста се фолирате бе, смешни сте! Чудно, сите го читаме Достоевски, а најпродаваните книги во Македонија друг величат на тронот. Туку:

ccou2.jpg
 
Во овој свет во кој, ако си ебаниот издрогиран генерал кој силувал жени у Виетнам, убивал цивили и ако си Талат, командант на терористичка милитантна организација, евентуално стануваш воен национален херој и ако си креатор на www.thepiratebay.se или Aaron Swartz осуден си на пропаст поради „злосторства“, ја ќе направам култ од самоубијци кои ќе ги убедам дека ако се разнесат, ќе добијат привилегии во астралот, ќе јадат мед, ќе пијат млеко и ќе имаат секс со анЃели. Откако ќе ги натерам да се разнесуваат на локациите на кои јас сакам, Белата Куќа, станот на Мендух Тачи, во куќата на мојот були од основно....манично ќе се кикотам имајќи секс со Ема Вотсон која патем ќе ја киднапирам и ќе добие Стокхолм Синдром, ќе се заљуби у мене, ќе стане ниди и ќе посака да ме земе за сопруг.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom