Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.


Искрено не сум многу среќен што работам, ама со факултетов сум принуден, парите полека, полека се трошат, и ко ќе видиш си останал на ништо, згора на тоа и твоите неможат да си покријат свои сметки и трошоци, па уште и да им барам било што, не иде. Затоа периодов ми е ептен кнап, напнат и сум растргнат на сите страни. Факултет и спремање испити, работа, другари и guilty pleasure девојка. И засега наоѓам некој баланс, додуша и убаво ми е што сум кнап затоа што поубаво се чувствувам и организирам кога немам слободно време да размислувам за теории на заговор и депресии.
Си направив листа што треба да правам и кој да видам и вака си останав
Незнам како ќе имам време. Многу сакам ама нешто ми вика дека нема се' што сакам да ми се исполни. Најмала шанса е дека ќе летам со падобран
А баш си се израдував пошо сме имале пријател на кој тоа му е хоби.
Му направив и капче и чорапчиња
И си реков морам да престанам за нејзе да плетам, колку и да се неодоливо слатки сите работи
И на кучето му се видел материјалот интересен ваљда, и сите ми ги испоплетка
Ќе ја убиев. 2 дена ги отплетувам и уште имам да терам... Има среќа што ја сакам 
, трето плаче пошо надвор грми.... Циркузи. И увек бираат ноќи кога треба да се стане УЛТРА рано сабајлето. Едвај чекам да помине месец дена, да одморам 2 цели вечери од сите
И уште незнам каков ми е ставот на таа тема. Мислам дека нема јас да превземам никаква иницијатива, иако веројатно баш јас сум таа што треба. Ама и да сакав, везе неам што да кажам. Не е моја кривица, нејзина е. А и било кој од нас да превземе иницијатива, незнам колку тоа нешто ќе смени. Живееме на различни страни на светот и веројатно никогаш нема да се видиме... За по скајп имам еден тон луѓе...
Ивентфул деј. Се надевам позитивен 
