Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Влегуваш во Хавана во понеделник здрав и прав, излегуваш со Пострауматски стрес синдром, бунило и дезориентираност. А понекогаш и без воздух и поим каде побогу се наоѓаш. Ова, ова јас го немам видено, не можам на себе да си дојдам. Сум видела гужви во животов, ама ова беше неверојатно. Најубаво може да се сумира по коментарот на другар ми: Види бе жив човек нема по улициве... уствари што ќе има, сите отишле у Хавана. :pos:
Ми фали очајно смајлито со кандилото... и тоа пази јас кога излагав имаше редица што чекаа да влезат, а внатре само што не почнале на глава да си се качуваат.:noze: Јака им душа на јунаците што останаа внатре.
 
Као сум се измедарил одморов, бре.
 
Вчера ме застана еден пријател на болница...Го немав видено најмалку 15 години.
Во последно време често го правам тоа...Одам на болница...И се фрустрирам уште кога ќе влезам...Не, се фрустрирам уште кога ќе помислам дека треба да влезам.
Правиме муабет што како во животот...Му го кажувам мојот како на филм кога актерот умира и му се појавуваат најважни сцени.
Климка со клавата мудро и му е јасно оти не сме се виделе со години.
Од куртоазија го прашувам и него, гледам води мало дете за рака и во картонот го прочитав неговото име како средно име на девојчево.
Женет, две деца, невработена сопруга, сади тутун, живее со родителите најверојатно.
Ме прашува што барам овде...Неизбежно е човек да се праша што бара на такво место, како да се намалува помалку твојата грижа кога ќе ја споделиш со некого и тој ќе ти ја кажа неговата.
Не си сам во срањето...Тоа е цела филозофија...Стадо филозофија...Така ни функционира цела држава...Не си сам во срањето.
Ме гледа дека не сум нешто расположен за муабет и полека го привршува неговото резимирање со постигнувањата во животот.

Животот е убав! - на крај ми дофрла најверојатно за да ме разведри

Да беше некој човек кој го интересираа филмови и некакви културни активности ќе го сфатев ова како најгенијалното нешто што ми го рекол некој во животот во одреден момент.
Токму тој филм ја опишува моменталната ситуација во оваа наша касаба...Само не секој можи да најде сила да биде Гвидо за да се лажи самиот себеси и неговите деца.
 
Последно уредено:
10603506_842146942474374_7927742382230007517_n.jpg


Да се собереме 10.000 љуѓе и да поднесеме барање да се забранат овие срања!
 
Боби, баш ми е гајле [RMX]

Се сретнавме вчера со Бојан,
сака да ме клецне ми рече.
Дури се свестив од зборот,
ме преврти, легна и слече.

Се противев јас од почеток,
дури низ нозе ми пројде.
Осетив нешто ми влезе,
Оф леле шубо ми дојдеееееее!
Оф леле шубо ми дојдеееееее!

(реф)
Боби, баш ми е гајле,
јас пак ќе се клецкам со тебе,
мојш да ми прајш се шо сакаш,
само немој малечко бебе.

Извесно време го нема,
си велам да не ми се лути,
одеднаш нешто ми светна
со која и каде се дупи.

Поминаа неколку лета,
ете го Бојан се врати,
и само што отворив врата,
одма за газ ме фати.
Одма за газ ме фатииииииии!

(реф)
Боби, баш ми е гајле,
јас пак ќе се клецкам со тебе,
мојш да ми прајш се шо сакаш,
само немој малечко бебе.

Ми рече пред извесно време,
сакал за жена да ме земе.
Се појави некоја црнка,
и почна на неа да си го дрка.
И почна на неа да си го дркаааааааа!

Боби, се што ми рече,
знај меѓу нозе ме пече.
Пече, нека си пече,
Си најдов друг да ме излече.
Си најдов друг да ме излечееееееее!​

Не поседувам авторски права, објавена е од мој колега, па си реков да ја споделам со вас.
Have a fuckin' good day.
 
Последно уредено:
Не прашаја женет да не сум, можи изразот на лицето ми беше онака, ко од прва да сум скокнал дирек на втора светска војна, ама женет бе.
 
Приземјување ицфакинамајзинг, помина донесе пари дадов бакшиш за тоа и то...

Има да горешти цела недела, ќе одиме до пивницата можи, можи, ако ме тагни значи сме биле, ако не народо куро да не го боли :icon_lol:. На базен во Неготино сум :icon_lol:.

Песнава е тажна ама јас се смеам на нејзе.


 
Секој човек со својот блуз

Демек, мислам, секој со својата мака, а сакам да испаднам паметен, па го правам комплициран дури и насловот. А за што се работи?

За ништо посебно. Маката и тешкотијата на денешниот човек е толку конјуктивна, што секој ја чувствува планината на некој што не го познава. А општеството стега ли стега. Ако е остро, ќе биде уште повеќе. Ако е црвено, нека биде инфра. Ако е ладно, нека биде апсолутна нула.

Годините веќе не станаа мерило за ништо. Глупоста ја прелева чашата. Понекогаш глупоста е претворена во вино, или ракија, или што било. Понекогаш, тоа е само метафора. Но, нема да се згреши ако се каже дека е „ова или она“. Епизода = сеедност!

Блузот беше на црнците. Црнците беа на белците. Белците беа на памукот. Памукот на парите. Парите на банките. Банките на Евреите. Продолжете го кругот...
Некој мора да страда, за да ја исцели маката на некој друг, трет ...
Блузот се роди од мака. Секое раѓање е мака. Секое прво сонце е Сонце на воскресението од мачноста на заоѓањето. Фениксоидни епизоди на човекот.

Денес има црнци, има и памук. Има и плантажи. Ама маката е на друга маса.
Денес памукот е друг, поинаков, трет.
Денес имаш blues ако си прибран, паметен, начитан.
Денес треба да бидеш возрасен и глуп.
Денес треба да бидеш - ужасно глуп.
За некој друг да ти ја носи планината.
Некој друг да има свој блуз.
 
сум ти кажала колку го обожавам да го читам овој над мене и прилепчанецов со диеталниот маргарин? Сеа да :)

очиве ми страдаат од сонцево и изгорев али тоа ми е на агенда секоја година така да одморов е тоБ. Уште 4-5 дена па пак на дружба со психопати во градот наш две илјади и четиринаести.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom