Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга, сонуваш нешто убаво, навлезен си во сонот како да е вистина, среќен си и ти текне дека тоа е само сон...

Разочарување..
 
Последно уредено:
Драга Кајги
Јас еднаш во декември дваесет и некој... никогаш не гледам вести не ме гледаат ни тие мене, и јас така си излегов по продавници ова она, и одам како залутано од трговски накај парк и гледам пред мене кордон специјалци... и ме гледаат и тие мене... после разбрав дека нешто со патлиџани се гаѓале пред собрание од за мене непознати причини
Муабетот ми беше, таквите како мене, за бранко ќе разберат кога ќе им дојде на тераса....
 
Највеќе сакав да дојде лето ради проблемиве што ги имам при временскиве промени,арно ама нема спас за мене ни лето.Главава ми пука,двата зглоба на ногата повредени,Абе метеролошка станица гомна да јаде,мада ова време никој не може да го погоди.Од утре ко ќе излагам со ранец,и опрема за секоја временска неприлика,па ај да видиме кој е позаебан.
 
Слушајте афрички рок. Поздрав до другарка ми у Дубаи. Ц ц.
 
Многу од фаците (не сите, не генерализирам) коишто спамаат за тоа како музиката нема граници и се анти стереотипи блабла, се често ограничени самите.

Колку пати сум налетал на уметници и слободоумни артисти со кои сум зборувал за бендови како Screaming Trees или некој дарк амбиент сајкоделик прог фјужн бенд и кога ќе сум им кажел дека има песни од Цеца кои реално музички ми се свиѓаат, почнале да се понашаат ко најголемите сељаци коишто мислат дека металците се дрогираат у парк и се молат на Белзебуб.

Ко да имаат страв дека ако случајно слушат некое чат пат песниче од Џинович или Аца и им се присвиѓа дека ќе се претворат у жаба и дур не ги баци Валор Кенд, нема да можат да бидат принцези.
Уште полошо, скраја да е да го преслушаат два пати, па ондак они ќе се претворат у „сељаците“ за кои кењаат.

На крај уште почнуваат со некој фанатички муабет, дека тоа треба со ЗАКОН да се забрани и тоа истите фаци кои збореа дека музиката нема граници и дека во секој жанр има добри и лоши работи.

„Па ја мислев сакаш (внеси рандом инди бендови), што ти стана?“ Мислиш ти зборува исплашен евангелистичко методистички - мисионер кој има за цел да те одврати од мастурбирање.

Не е поентата да се немаат приоритети, или на некој по вкус да не му бидат одредени песни/стилови/жанрови/текстови итн... Али муабети у стилот на „Ако ти се свиѓа песна од Х артист, ти не знаеш што е квалитет пошто според МОИТЕ критериуми за добра музика тоа е срање“ се карактеристика на луѓе со фреквенциски опсег од 1 hZ.
 
Драга да дојдат американци кај нас во пензионерски ден во јсп, стварно ќе поверуваат во зомби апокалипса, одма андерграунд бункери ќе спремат.
 
Незнам дали да се радувам предвреме, ама ова чувство на среќа нека не заминува..
Убав почеток на денот, после преубавата ноќ со изненадување кое не го очекував. :pipi:
 
драга моја

вчера после долго игнорирање моите конечно дигнаа слушалка и еве што бил проблемот. фирмата на татко ми ги работеше повеќето глупи барокни проекти. имаше договори со владата смрдлива. и дур татко ми си плаќаше ддв на фактури што не беа наплатени, грујо се сликаше на отварања на нови глупости. после неколку години, парите уште ги нема. сега пристигнуваат само тужби од фирми на кои што татко ми им должи. државата нема намера да плати ништо, а и зашто би? фали само мааалце татко ми да прогласи банкропт и готово, мирна глава, еден долг помалку. среќа што мајка ми на време успеа да земе пензија, сеа се на коњ! двајца ќе живеат со 150 евра пензија...ма ти пииип и држава и се, да не сум бегала???? па да не киднев ја на време до сеа фамилијарно на улица ќе живеевме!!!

драга македонијо....ме заболе д*****а за тебе! идам ја да се спремам за на одмор
 
Замисли да фатиш да проценуваш ( потценуваш воглавно) професии според плата. А не според одговорност и труд. И тоа професии во кои никогаш не си работел. Или да не работиш одговорно зошто платата ти е ниска.
Кога не би владеела сиромаштија и криза за преживување насекаде во светот, буквално секој сегмент од живеењето на мнозинството би бил различен.
Пријателско-врскаџиско-роднинските релациите не би биле од корист, луѓето не би се споредувале стално, не би живееле толку во стрес и самопотценување (според платата што ја земаат), би можеле да си дозволат (волја и време) да почнат да обрнуваат внимание на побитните работи од типот на духовен развој/здравје/среќа/едукација/хобија/спорт/исхрана...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom