Многу од фаците (не сите, не генерализирам) коишто спамаат за тоа како музиката нема граници и се анти стереотипи блабла, се често ограничени самите.
Колку пати сум налетал на уметници и слободоумни артисти со кои сум зборувал за бендови како Screaming Trees или некој дарк амбиент сајкоделик прог фјужн бенд и кога ќе сум им кажел дека има песни од Цеца кои реално музички ми се свиѓаат, почнале да се понашаат ко најголемите сељаци коишто мислат дека металците се дрогираат у парк и се молат на Белзебуб.
Ко да имаат страв дека ако случајно слушат некое чат пат песниче од Џинович или Аца и им се присвиѓа дека ќе се претворат у жаба и дур не ги баци Валор Кенд, нема да можат да бидат принцези.
Уште полошо, скраја да е да го преслушаат два пати, па ондак они ќе се претворат у „сељаците“ за кои кењаат.
На крај уште почнуваат со некој фанатички муабет, дека тоа треба со ЗАКОН да се забрани и тоа истите фаци кои збореа дека музиката нема граници и дека во секој жанр има добри и лоши работи.
„Па ја мислев сакаш (внеси рандом инди бендови), што ти стана?“ Мислиш ти зборува исплашен евангелистичко методистички - мисионер кој има за цел да те одврати од мастурбирање.
Не е поентата да се немаат приоритети, или на некој по вкус да не му бидат одредени песни/стилови/жанрови/текстови итн... Али муабети у стилот на „Ако ти се свиѓа песна од Х артист, ти не знаеш што е квалитет пошто според МОИТЕ критериуми за добра музика тоа е срање“ се карактеристика на луѓе со фреквенциски опсег од 1 hZ.