Скопје. Празно.
Како да се моли за мир за сите оние кои веќе ги нема.
Чекорот кон Рекорд ми запира за да се напијам вода од чешмичката кај Рори. Весници на купче и еден дедо загледан во далечина на една од масите. Малку потака, пред самата бурекџилница, татко и син решаваат крстозборки. Кутре џукелче заспано со опавче во ритам дреме пред продавницата за чевли. Тишина која се сече со мисла.
Овој град е жив.
И тивок.
Само тогаш, навистина можам да го слушнам неговото срце, полно крв и љубов.
Скопје. Празно.
А полно. Во мене.
М.