Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга, по дооолго време решив да ти пишам, прекрасна си ти, а и луѓето кои се тука.
Првото е наменето за @Agda Beata, да види како се чуваат другарите;)... Преголемо ФАЛА за @BiG_kIsS која дур од 'мерика ми донесе да уживам во пивото. Еве како изгледаа тие прекрасни моменти:love:, и како што ветив, со тортелини му го најдов крајот
Miller_Kompilacija.jpg

Потоа, дали знаете што се овие? .... НЕ? ...... Прашајте го @Шкорпион :D. Прекрасна забава кај него, особно што @blue ladybug готвеше спанаќ. :cautious:
Одговор на прашањето е: пиперчиња :vozbud:, не се патлиџанчиња:P
IMG_20141026_175633.jpg

И на крај, да и направам мака и лиги на @Velvet She :P која го пропушти наргилето со @Nessa Alcarin.
Е така се пуши :свиркам:
155-2.jpg

Толку од мене, се одјавувам:pipi:
 
Легендата вели дека кога и да сум станал порано за да повторувам пред полагање, никогаш не сум повторувал :LOL:
И секогаш викам, нареден пат ќе си станам пред полагање и ќе одам директива...
И пак, станав како дебил уште од 8, сега ми се спие ми се плаче :facepalm:

Ама битно се изнаслушав кафански песни на јутјуб :icon_mrgr:
И преку тасета со рекламана со Дрогба и Меси. Ме прогонува со месеци кога и да слушам песни на јутјуб... Зошто баш Дрогба? :LOL:
Загревање пред полагање:

Ме потсети на едно маче што го имав, што го викавме Султана...
Вчера ми текна дека пред некои 7 години чував и куче кое го викав Љанги :icon_mrgr:
Не се сеќавам ни како го зачував, ни каде го чував, само знам дека го најдов некаде дури се враќав од школо и после тоа ме следеше како верна сенка. Јас искачам, он со мене :D
Си чекаше кај сендивчарите кај Стоилко и после се враќаше по мене :icon_mrgr:
Какво лудо куче беше тоа, им влегуваше на сите други кучиња во двор и им го јадеше јадењето :LOL:
Комшиите неколку пати го имаа однесено некаде, ама не можам да ја опишам фацата на комшиката кога го виде дека се вратил после недела дена :pos:
Ми вика, го нема кучево, каде е?
И во истиот момент после недела дена, Љанги дотрчува од улица и и викам, како го нема, еве го :icon_mrgr:
Кога зина :eek::cool:
Ама кучево затрудне и со тек на време го снема. Го најдов во една соседна населба, го донесов дома, ама пак си отиде (или го однесоа некои од комшииве).

Впечатливо беше по тоа што на главата му имав нацртано W со маркер. Демек Winner :pos:
Главна фаца беше во маало :icon_mrgr:
Каков само наивен лик имаше, бркаше мачки и кога ќе му се свртеа, бегаше со брзина на светлината :pos:
 
Драга како што имам падови така имам и подеми. Еден од тие подеми се случи деновиве. Преминав од Junior во Intermediate developer. :)
Ова ми значи многу зашто стварно се трудев периодов и вложував многу во работата што на крај ми се и исплати.
Секако дека ова ќе ми претставува и дополнителна мотивација да продолжам со забрзано темпо да го надоградувам и усовршувам знаењето.
Итам брзо кон врвот Драга ;)
 
Кеј

Meanwhile in macedonia....
10569042_739242506169073_7314553216751910454_n.jpg
 
Драга кајгана, одмана ти се немам обратено, да знајш дек ми е криво. Незнам оти, али уште ми е во непребол и ми идат да плачам за дресот од Парма со назад име Креспо, тогаш тој ми беше омилен. Во непребол ми е уш детството тек до ден денес, нек пукнат душманите шо ми го дрпнаја.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom