Колку сум расеан последнава година, смеа ме фаќа.
Лани цимерот оди на факултет, ја се враќам и се доближувам на 3 метри до него, го погледнувам и си продолжувам да одам. Цимер бе шо не ме поздравуваш, а ја со умот летнат којзнае каде.

Многу пати ова ми се има случено. Дури и да го поздравам онака од култура било кој познаник, се случува после 5 секунди да се свртам да видам кој сум поздравил.
И одам кај колешка на кафе последниве денови од јуни, она сама у стан морам да нагласам (не за да се фалам дека напраив нешто

). И муабети едно-друго и почна да ми чита некоја статија 10 симптоми на шизофренија. Оф, си викам не дојдов ја за тоа. И почнува да ми се жали колку е депресивна и го чита првиот симптом, ми вика го гледаш човекот пред тебе во очи, го познаваш, ама несвесно го одминуваш. Така нешто беше или така слушнав, којзнае.
Ајјјјј ладни морници ме полазија. Па коа се расприкажав колку пати ми се има случено комшија шо цел живот сме заедно да го одминам, па кога почна да ми чита други симптоми, излезе дека и двајцата иаме предиспозиции да сме шизофреничари.
И изгубивме претстава за време и жешкиот јунски ден и последното видување у Скопје го поминавме у дискусија за шизофренија
И нормално, се вратија цимерките
Вчера после протест, минувам семафорите пред Кузман студентскиот и еден дечко ме поздравува, дури нагалено ми се обрати. Толку бев замислен, што пак онака несвесно го поздравив, а не го ни го погледнав.
Нов левел достигнав, ај шо ги знаев тие претходно шо ме поздравуваа и само бев замислен, а сега почнав и да не ги препознавам.
Таман поминувам улицата и се вртам да видам кого поздравив. Гледај 10-15 секунди, не ми текнува. Па и наочари за сонце ставил

. Сеа како шо сум замислен да ми се претставиш, дали ќе ми текне кој си, не пак со темни очила на тебе.
И се укопав така на семафорите и го гледам. Тој до него не носеше наочари и почна да се смее, ама не го познавам. Абе извади наочарите си викам и ми здосади пола минута зјапав и се свртев.
Нова мисла ми дојде сеа, забораив зашо дојдов у Кузман
Ми текна на колешкава да и се јавам да ми ја прати статијата, не ја добив.
И синоќа барај по пријателите на фејсбук, кој беше, МИСЛАМ дека ми текна. Подобро нека мисли дечкото дека сум му лут нешто или дека сум се дигнал до небо, отколку ова да му го објаснувам.
А засмили да не бил он...