Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Бејби,
Денес бев на гробот на Тоше, и во спомен куќата, и во Манастирот и таму на крстот. И на враќање дома си слушавме Тоше.
7 години откако не` напушти, и уште има голем број луѓе што одат таму.
Цел ден ми се насолзуваа очите. Многу ми беше жално. А искрено и ПМС-от не помогна баш многу.
Гробот е полн со плишани срценца на кои пишува „Те сакам“, исто така има и пораки и слики од многу многу луѓе насекаде. И сите ги чуваат, ако не таму, во спомен куќата ги носат. Од судот има порака и е многу убаво напишана. Сега насадиле цвеќиња одоколу, донација, по повод 7 годишнината.
Ќуката е прекрасна! Бела, светла, полна со енергија. Супер е осмислена. Едино тоа кафичето не им функционираше како што треба, и тој типот ни се пожали, чекале нов директор. Добро бе, па како може некој да биде директор, а да не го интересира да биде се` како што треба? Кој идиот е тој бе? Па толку луѓе идат секој ден, од секаде, можел да се потруди да биде убаво организирано, особено на викенди....
Манастирот е исто така супер, барем колку што е направен. И тоа доаѓа од мене, што искрено не сум многу по цркви и манастири. Али како што иде вака, уште 10 години ќе им треба, и пак нема да биде готов. Стварно тапа. А има луѓе, идат. Влеговме и во конакот таму, тој исто така недовршен, али има една соба со слики од Тоше и неговото креветче од дете кога бил. Едвај чекам да видам се` кога ќе се заврши... Од крстот погледот е ПРЕКРАСЕН! И прават друг пат назад накај Крушево, што е супер.
И со цел тој народ што иде натаму, мислам дека стварно можат да направат да биде уште поубаво, бар да ги поправат улиците, а ова изгледа ко се` повеќе и повеќе да се распаѓа.
Во секој случај, многу ми е мило што отидов.
 
201034256913_1.jpg
chocolategoldmoney.jpg


овие беа похардкор.
 
Драга Кајгана.

Кажи му на @Forza Milan!!! да не меша деца што кликаат на реклами со луѓе кои се занимаваат со Affiliate Marketing. Пошто тие луѓе што се занимаваат со ова второво не дудлаат курови во партија, не лепат плакати, немаат човек над нив кој ќе ги команда, не се експлоатирани од газдата за 300 евра месечно, немаат фиксно работно време, не стануваат секој ебан ден во 6 сабајле за да одат на работа, имаат одмор кога ќе посакаат, имаат неограничена можност за напредок и месечно заработуваат колку тој за цела или пола година. :rolleyes:

pozz ok,
chao ;D
ke ucam
 
Ја гледав вчера и некни фудбалската репрезентација на Македонија и во глава ми се повторуваат зборовите на нашите политичари кои ветуваа...

"Еден ден ќе станиме Швајцарија на Балканот"
"Ние можеме да бидеме Швајцарија на Балканот"
"Ако работиме можеме да станиме Швајцарија на Балканот"


Сега ми е појасно на што точно мислеле кога ветувале.
 
Драга, сунѓерот издаде песна. Глеј шо прават врсниците мои, а ја филмови и серии ќе сум гледал.

Патем, коа сум тука, да си се пофалам. Стаклена 4ка по математика на тест.
 
Драга Кајгана,
Порано или подоцна, секој си го покажува своето вистинско лице....:)
 
Шо ти се европски вредности, жена му и бившата женска на ист настан во иста соба :icon_lol:. Не можам јас таа работа, исто ко му се фрлија жена му и другарка е за тројка пред сите, и овај викаше не не не не не :pos::pos::pos::pos::pos:. Гледам јас што се случува овде, не ми е јасно :icon_lol:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom