Драга,
Вчера сум си поминала одлично

Бевме на една река со двете кучиња... И ако ги ставиме на страна комарците што ми зуеја и мушичките што ми летаа пред фаца и морав да си дувам ко шишки да имам, се` друго беше прекрасно. Имаше малечки пеперутки

Ама насекаде! Се собираа во купчиња и ако поминеш таму, почнуваа да летаат околу тебе

Многу беше магично

И кога седнавме да јадеме, си леткаа околу нас и ни застануваа на патики, на раце и слично

Штета неможев да напраам една асална слика, ама не ми треба слика, ќе си го памтам

И сакам пак да идеме таму! И двете кучиња пливаа

Уште не се сто проценти опуштени, ама сигурна сум дека еден ден гајле ќе немаат, може и ќе ги учам да сурфаат со мене

Компјутеров е машко сто посто. Знаеш она кога ќе му речеш на дечкото дека треба да правите муабет зашто нешто не е ко што треба? И после тоа една недела се` е совршено, и после пак иста песна? Епа, беше побрз нели откако го апдејтирав енд шит, и сеа пак е полжав. Мамата.
П.С. Почнаа крлеживе... Ќе има проверки од глава до пети после секое шетање изгледа
