Две големи лажици нескафе во чаша за корнфлекс. Чашата ја ставив во микровална сосе лажица, за среќа навреме се сетив да ја извадам. Кафе без шеќер, ме уби киселина. Цигариве ми стојат во фиока, ама не ги чепкам, не се мои. Подотворен прозор, надвор си врне. Мириса на колоквиумска.
Како другаров погоре, имам неполни 5 часа до колоквиум и уште една тема. Ако го положам предметов, завршена сум за годинава. Претходниот резултат ми беше многу добар, па сега можам да си дозволам да потфрлам. Неколку луѓе од мојата група веќе отидоа за Америка, и сега постојано лепат слики од палми и плажи кои повеќе ме деконцентрираат одошто мотивираат. Ме теши фактот што за 8 часа ќе бидам под јорганче во кревет, а за 10 дена преку барата.
On another note, дечко ми постојано ми праќа некои слики кај шо е со бебиња, братучетки, штотијазнам, не знам што му е во последно време. Дали сака да ми се претстави како father figure, да не сака да му речам да си направиме едно?

Ич не сум дечар, ама морам да признаам дека ми се слатки заедно. I'm not a girl who misses much, ама ќе ми недостасува понекогаш. But life goes on, bra.
Ако веќе не забележа, опседната сум со Битлси во последно време. Затоа
на ти песна.
Au revoir!