Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Пред да си легнам го гледав финалето на Ханибал, кога станав гледав последната од Гејм оф тронс. Сега ми е страв да ја пуштам и последната од Паркс енд рек. :cautious:
 
Кајги,ми треба верба.
Ми треба верба дека нешто таму далеку не е залудно.
Можеби постои нешто кое не тера сите да се бориме за тоа што го сакаме.
И Кајги..
Ги обожавам.
Сликата вреди милион чувства и песни.
c156bcb121a3737cc55d7e844da328c0.jpg
:noze:
 
Кога ги чита човек студентите во Драга Кајгана, му се чини дека работат во коп. Цвикаат ли цвикаат, а проблемите во животот не им ни започнале.
 
Драга, од сега ова е мојот заштитен знак :D

 
Драги

Кога ги читам просветлениве за студентите како зборат, се ми се чини дека не ни стигнале некои од нив до факс. Како да ја прескокнале таа животна лекција. Се кука на големо бидејќи вистинските проблеми во животот токму тука почнуваат, а ќе те следат потенцијално и со децении понатаму, зависи колку среќа имаш. На кантар да не треба да мериме кој полошо поминува можеби? "Ти ќути, уште ништо не си видел од проблеми у животот" е ко моиве да ги читам.

Малку е тоа дома што го слушам сега и овде да го читам од "паметни" и "искусни"? Ај вратете се на вашето кафенце и цигари, може? Нека ви ги држи тоа рацете и устата окупирани, доста ви е нет за денес.
 
Драга...

... како што прочита, си имав ноќна авантура у која за 5 саати научив матерјал за цел колоквиум. У 10 отидов да полагам, за да дознаам дека испитот ќе почне од 12 додека да земат другите оценки, па после ние што иаме за полагање (fuck logic). Ај тоа, али не седев до 12. Седев до 2 (ДВА)! ЧЕТИРИ саати седев да чекам да полагам. Седев, за да дојде професорот и да ми каже мене и на другите, дека сега морал да иде негде, немал време за да полагаме, па да дојдеме у некој од следните денови. Све тоа, без да даде никакво извинување. И кажи ми, фер е тоа? ЧОВЕЧКИ Е ДА СЕ ИЗВИНИШ, ЧОВЕЧКИ !!! Нема благе везе што си професор, ако сакаш и претседател биди, ЧОВЕЧКИ е да се извиниш коа ќе заебеш некој! Ми ја поремети сесијата комплетно, а супер ми тргна. Нечовек.
 
Драга,

мачево мое знае повеќе шорткати од тастатура него ли мене. Пример сега ми го отвори чатот на фејзбук. Вчера ми отвори контрол панел. Уште пост фали тука да напише.
 
Многу ученици и студенти има овде. Премногу. :(:(
 
Драга,
многу сме биле,не ни почнале проблемите уште,само сме плачеле,вие какви бевте?
 
Ние немавме екстерно и интернет :-)
 
Драга...
Им нема крај на разочарувањата значи...Како? Како после ќе можеш слободно да љубиш? Како пак ќе веруваш некому? И како....најголемото како...како ќе живееш без љубов?
Тешко ми е драга...Без апетит и сон сум доста време веќе...Зошто, зошто, зошто? Колку пати во животот ќе се прашувам ова?
Бог нека не чува...

 
Во момент кога мислиш дека се е залудно и сите лаѓи ти потонале, не се сеќавај ниту споредувај со никој. Едноставно продолжи да се бориш. И така како гром од ведро небо добив не една туку две работи, плус уште 2 работи во јули и август каде ми понудија договор за артист менаџмент одделот на Модем во Хрватска и Бум фестивал во Португалија. Не се надевав дека некој толку високо ќе ме рангира и ќе ми понуди такви услови.
Жал ми е што се потценив, но ете кармата сакала да ми го дигне егото до плафон :pos:
Звучи повеќе од совршено иако ме чека напорно лето, но крајот го краси делото. Се гледаме во Индија или Непал на есен, сеедно...само живеј го животот и грабни ја секоја можност, бидејќи втора шанса нема.
За плачење е касно, тоа е за бебенца нели. За мене почна летото, се надевам и им го посакувам истово на сите!
Чаос ДиКеј!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom