Драга,
Нешто ме каснало додека спиев

Ме чеша, ама не е комарец зашто е поголем оток

Сакам да знам што е, и да го убијам!

Мразам кога има било што во куќава што може да ме касне, ама уште повеќе мразам кога незнам што е

Сакам да живеам во куќа која ќе биде херметички затворена и ништо нема да може да влезе од надвор, бар не по пат на мали ситни дупчиња што никој не знае каде се наоѓаат. Знам дека со кучиња малку е тешко, зашто они може да внесат некои инсекти, дури и ние можеме да внесеме нешто без да знаеме. Ама сепак, тоа мала шанса. И да влезат, ќе ги најдам кога тогаш
Купив карти за Maleficent

Прв пат ќе идам на „премиера“

Обично не сакам гужви и турканици и да идам кога СИТЕ сакаат да идат и сл. Ама, мерак ми е

Сакам да ја видам Анџелина. Нема да прави уште многу филмови, па да искористам дур можам. А и не сме биле во кино одамна

Ми доаѓа роденден. Не сум ко оние луѓе да викам дека нејќам да остарам или слично. Ама стварно не се осеќам за 24

Чудно ми е. А од друга страна, се осеќам позрело од некои дури и постари од мене... Стварно сакав да сум дома за овој роденден. Ама сигурна сум дека и тука ќе си поминам супер

Сигурно ќе се случува нешто незаборавно

Можеби ќе ми се исполни желбата од лани и ќе идам на Зорбинг
