Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Од декември немам легнато да спијам пред 2 саат, биоритамот е во кома како Шумахер.
 
Да се затворат Дарко Лешовски, Миленко Неделковски, Латас и Ивона, Јанко, сите соросоиди, сите фејк селебрити, сите актери ака политички курви, сите квази шоумени, сите недоносени певаљки, сите татини спортисти и доктори, сите експерти за политика - по риалити куќите, а потоа да се изгаснат камерите, да се исклучат микрофоните, да се изгаси светлото, да се заклучат, да се заборават некаде клучевите и да почнеме да се замараме со битни ствари и свои животи.
 
ДК

Уште едно работно место е позади мене, па сега во овој период (што веројатно ќе трае кратко) интензивно препуштање на интересите во животот што мораа да бидат ставени на пауза последниве година дена... книги, филмови и слушање и откривање музика, нови бендови и веројатно малце PES 2014 :cool: Фитнесот не виде голема пауза, па утре продолжуваме со терет таму каде што застанавме пред 3 недели :)

Поздрав до @MAJA 345 и мое видување за модниот тренд - балетанки, што ти тежи на душа додади :D

И да, денес има да се дупнам од спиење, т.е ќе го навијам саатот во 6 ипол како за секој ден претходно, али по гасењето ќе продолжам со сонот, без снуз :icon_lol:
 
Кајганче!
Конечно, после толку муабети, дебати, убедувања, ја почнав Game of Thrones. Maybe it's too soon but, мислам дека полека но сигурно се заљубувам во серијава и истовремено се прашувам what the hell was I thinking.. :noze:.
 
10314014_10152253804131840_3309137815056164525_n.jpg

Ова ми го направи денот :pos:
 
Драга,
мене учењево нервно ќе ме осакати, веќе не ни сум ни свесен какви глупи постови пишав вечерва на кајганава, само ради тоа што учам, изгубен начисто сум.

Инаку и јас почнав да ја гледам Гејм Оф Троунс, Денерис (така се викаше ако не сум грешка), добро рипче. А и добар почеток на серијава, мислам ќе ми ги оправда очекувањата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom