Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга...

... закон ми е кајмакот и ептен си го поддржувам пошто конечно искочи нешто асалано на нашава музичка сцена, али ова е пресмешно:

Го прашале професорот:
- Што е Даниел Кајмакоски? - Не ја знам таа лекција.
Го прашале таксистот:
- Што е Даниел Кајмакоски? - Не сум слушнал за таа улица.
Го прашале детето:
- Што е Даниел Кајмакоски? - Не ја знам таа игра.
Ме прашаа мене:
-Што е Даниел Кајмакоски? - Човек кој ме научи да сакам.


:ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO:
 
Леле едвај успеав во 3 ипол да станам од кревет, буквално секое свиткување и мрднување на ногата боли ко со штрафцигер у бубрег да си брцам :mad: Денес на школо не отидов, утре ќе морам, ќе биде интересно како ќе стигнам. Мајка ми прееска ми ѕвонеше на врата да и отворам, јас неможев да станам, па си се влечев до вратата... Сега си се стационирав на столчето и не планирам да мрднам со часови. Дај боже да не ми се приоди во вц, дур тогаш ќе биде комедии и добро што мајка ми е дома бар ќе си нарачувам јадење и пиење без да го помрднам газот, да не беше дома, ќе беше рамно на самоуништување (y) П.С. 5км рулз не за друго :D
 
У право беше една што велеше од тука дека видот ми се поебал од што сум се посрал од учење.Јас мислев од компјутерот, ама нејќеш...........успеаа да ми ја скратат сесијата а сега богами и животот поради нервози и ненаспани ноќи.Затоа сега и очила си носам, тадам.
Чисто само да те поздравам тебе, која ми го велеше ова, имаше право.
 
драга..

10253805_841578425871300_4611621640131003574_n.jpg
 
Кајгана зборови неможат да опишат колку сум разочаран од државичкава наша и од дел од народот. Жална е ситуацијава моментално и најжално е што никој не сфаќа. Врв беше кога прочитав на една наша "веб страна" дека одбојкарите немале пари за да одат на квалификации за првенство заради тоа што компаниите нејќеле да ги спонзорираат. Значи компании кои работат, и плаќаат данок на државата за таа да си игра курташак со парите се криви зошто нема пари за репрезентативците. Не ми е јасно како школувани новинари спијат мирно кога не го информираат народот со точни информации, туку дел од нив се продаваат како курви за мали пари и вршат пропаганда.

На друга страна и недела гага превоз за пензионери, УРА УРА влада! Нигде не пише дека ветија гага барем еден ден за студенти. Nevermind причина повеќе заради тоа што не се возам со ЈСП 4 месеци веќе.

Незнам шо да кажам веќе, максимално сум разочаран, додека си заминам од вукојебинава бојкотирам секакви средства со кои се врши пропаганда. Не пуштам телевизија, кога ќе е веќе пуштено си ставам слушалки. Бришам од социјалниве медиуми секакви лајкнати страни и ако некој шернува линкови бришам од пријатели. Можеби ништо нема да смени, ама повеќе од тоа неможам да направам сам.
 
А бе приметив дека нема веќе натпревар за готвење на форумиот, или се потрошија рецептите или нема веќе готвачи.
И не, не се нафаќам јас да бидам еден од нив.
 
Драга Кајгана,

Денес ми е ден за физички одмор, па фатив малку да закачувам фотки на ФБ. И да не ја правам темава сликовница, ќе закачам само една фотка тука, останатите, кој ме има за пријател на ФБ е добредојден да ги ѕирне :)
10253822_10152468241047265_4814282014351237709_n.jpg
 
љубави, i am at that point in life where if a car hit me, i would say thank you to the kind stranger. Growing up is a pain in the ass
 
После цела седмица со прекумерно јадење и конзумирање алкохол, се вратив на вежбањето. Малку тешко оди ,ама верувам дека брзо ќе ја вратам формата.
 
Колку повеќе спиеш, повеќе ти се спие. Или во мојов случај, колку повеќе лежиш дома беспомошно и не смееш да мрдниш од кревет, повеќе ти се спие. Изгледав преку 10 филма и 50 епизоди, го рутирав телефонот, анлок бутлоудер му направив, инсталирав кустом ром 4.4, и штом зажеднав за излегување, значи стварно е време. Ај утре ваљда ќе е ок. Ти си тука битно драга. Така? Драгаааа? nvm
 
Нејќам да запознаам нови луѓе . А ни иам којзнае колку познаници , ни па имам женска .
Како да не . Да ги зголемам шансите некој од нив да се погоди начитан и со голема уста па да ме изспојлериса за Game Of Thrones.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom