Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
8bs5i.jpg
 
Драга виртуелна пријателке,

Соба полна со хартија, шкрабаници на листови, книги расфрлани на сите страни.
Трет ден по доктори, чекање редици, гужва. Тешка болешка - тешко се лечи. Браво за афоризмот на докторот.
Утре очекувам бркање по канцеларии во ФЗОМ, лути административци и досадни бабички.
Патем подготовка за две предавања. Едно во основно, друго на факултет. Хаос од наставни планови и програми.
Една статија со deadline до идната недела. До пола готова. Зошто само ли се нафатив?
Иде и колоквиумска недела, значи спремање колоквиуми. Финално спремање дипломска. Пак шалтери, отварање досиеја, бркање професори.


Не случајно Јозеф К. ми е омилен лик од книга. Истата хаотичност, дезориентираност, отуѓеност и осаменост во животот како мене. Ах, Кафка.
 
Kвик бриф

ми се јавува другарот да појдам на кафе до кај него, влегувам во дворот и песот ми се затрча ќе ме искинеше, лае кучево у пичку матер, а јасе неможам ни сантим повеќе да влезам, чекам чекам не излегува другаров и си се вратив дома. ми оставил порака на фб, абе шо не се јави ќе излезев ќе го приберев кучето бла бла.. ПИЧКА ТИ МАТЕР следниот пат мини нареди во двор па да ти се јавам да ме координираш преку мобилен каде да газам, ебате ропак.

утре ќе одам да видам до кај сум со видот мој, неам појдено 2-3 години сигурно, таман и нови оквири ќе требаат. :)

а се стрижев денеска, њутново правило, било каде да појдиш на стрижење првата недела ти е "страшна" фризурата #firstworldproblems :D

П.С. поздрав до продавачката во бурекџилницата што секогаш ми ја дава поголемата четвртина од бурекот <3 :love:
 
Picture 1506.jpg
Македонија 201х - секој кој сака да биде жител (машки и женски)на државата над 18 години мора да(работи) биде запослен .
---------------------------------
-уште го нема бабо,тука реќе да го чекамо додека се врати од работа,не га бива вакој дадо,мора да бегамо у друга држава.
 
Не сум знаел дека некои почнале да го слават St.Jordi. Чудно како луѓево прифаќаат некои туѓи празници, а да ги прашаш за значењето и целта на истиот Каталонски празник минимални се процентите некој да ти даде точен одговор. Џабе мрчам, кога ќе ми текне на Валентајн се ми станува јасно.
 
Кајги денес на гости ми дојде баба, си зборуваме така за малечкото како е и ми вака снашке се, се ама никако да го учеш со вас во спална да спие, знаеш како ќе го научеш така ќе биде а спалната е само за вас, само таму владееш со мажот.
Ах, бабо, бабо :oops:
 
Забележувам како во последно време се` повеќе се изолирам од луѓе, и познати, и непознати. Одбегнувам да се возам со комшии во лифт, не одговарам кога ѕвони ѕвончето или домофонот, влегувам во големи супермаркети и бутици за да не мора да одговарам на прашањата на љубопитната продавачка во соседната продавница. Ако сретнам некој познаник низ град или на постојка неретко ја вртам главата на другата страна, и едно обично „здраво“, а не пак подолг разговор, ми претставува потешкотија. Ова и не е толку страшно, пострашното е што се одалечив од мои блиски луѓе, често се гледаме, но ретко зборувам за себе, вообичаено сум таа што слуша и дава совети. Затворена сум во своето меурче со книги, филмови и музика, пријатно ми е, а чудата што се случуваат надвор од комфорната зона ги оставам за некој друг ден.

Туку, на денешен ден починал Шекспир, а за два дена е неговиот 450ти роденден. Еднаш рекол listen to many, speak to a few, па веројатно тоа е мојата мантра периодов. Понекогаш ми недостасува дрдорливата и брзоплета јас, но сигурна сум дека ќе се врати, ова е само период. Период на некреативност и демотивација, но ќе пројде. Да се повторам од вчера - слушалките во уши, затвори очи - I want to hold your haaaaaaand :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom