Драга, како шо можат да ги прифаќаат сите работи од Американскиве филмови и да се прават многу ''модерни'' така нека го прифатат и НАЈАВУВАЊЕТО пред да ти дојдат на гости.
Значи како може да ми тропаат на врата кога ќе им текне.
Денов го испланирав за себе. Да си уживам у када, да си гледам филмчиња у темно, да грицкам пуканки и да пијам ладен чај.
Да се оптегам цел ден у растурен кревет, во пижами, свежо-бањата бушава....и да уживам во сопствениот мир.
Да медитирам и да се посветам на самата себе.
И замисли, гости кои седат по три-четири саати без око да им трепне.
И ништо не видов од денот резервиран за ''мене''
Човек да неможе во сопствената куќа да се одмори, да шета на гаќи, гол, бос, без да му биде страв дека некој ''гостин'' ќе налета.
Мислам дека само заради ова сакам да се преселам од земјава. Никаква цивилизација.
Се изнервирав.