На работа денес. Кока кола и кафе и желба за гушкање коали.
Не знам што ти се случува. Не знам што носи овој свет. Би требало да биде лесно, но не е. Никогаш нема ни да биде, а како ќе доаѓаат поголеми нешта во животов, ќе мораме да се соочуваме со сила на змеј, а ранливост на цвет. Сироти мои вијуги, наместо да уживаат, сега гледаат ко Индијанец, некаде надвор од видното поле. Облаци над Скопје. Облаци над светот. Тешко е да се каже што е следно. Никој не може да знае. Април најчесто и не е ваков. Не го памтам ваков.
Си помагаме со чоколадни обланди. И со музика.
Нобу ме буди со шепа на нос и гриц на образ. Мирисот на млеко и лосос, мачешка елеганција.
Еднаш си помислив, имам сигурно уште куп животи за живеење, 100 години самотија не се ништо во споредба со тоа.
И затоа...
М.