Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Прееска глеав документарец за Чаушеску и конечно дознав што е врв на пијанство - ти се раѓа син, идеш да го пријавиш и им кажуваш дека ќе се вика Николае али си толку пијан што не ти ни текнува дека дома веќе имаш еден син со тоа име. :facepalm:
 
Сеа дедо ми само што ми кажа дека како мал сум се качувал на столче и со стапче од ражнич сум сакал да ја дупнам месечината. Знаев дека ја си имам некој проблеми ама до волку дека е работава отидена не бев свесен.
 
Драга денес предизборно оговарам

Да не беше фејсбук немаше да дознаам дека еден асистент а.к.а љубител на мачки, кој пред некој ден докторира, фатил некое младо крцкалче 22-23 години за женска. Maж од 30 + години секој ден со мачорот се слика. :D Уште повеќе кога ќе видам заеднички пријатели имам, кога ќе ја видам апсолвентка била, а овој и на неа и бил асистент, ако на различни инстиути и врската ја објавија некој ден откога заврши семестарот. Сонценца бре Не можам да си ставам у глава како функционира тоа, одиш на вежби и наместо добар ден ја залапуваш неа или како? Да не прајме муабет што се правело на приматијади.
И таков некој и некој како менторот негов ќе ми зборува за морал, чесност и на предавања ќе ми го цитира Шекспир? Менторот негов е смејурија во движење. Абе миротворец прав, да не беше професор на факс, манекенка ќе го викав. :D Еднаш на предавање ги прашува Албанките зашо не фаќале дечко Македонец. И овие сместа се снајдоа, истото треба да важи и за вас професоре. Кутриот се поднамурти малце, аха си викам ќерка ти да се валка со некој Харис/Љуљзим со авганистанска фаца од Чаир дали ќе ги правиш овие муабети. Со кој образ бе?

Од миљон други, студентка си фатил. Срцка. И вака да ја искористам приликата да го прашам дали ја стави во фрижидер каде што ги чуваат стаорците за да ја излади малку така попалена? :D Или ја до загреа на водената бања? Не го знам девојчето да се разбереме, ама глеам вака по сликите на шо паднал. Десетина година помладо бомбонче ти се лепи, зш да не :D Ќе пишев нешто у полето користољубие, сепак не, не ја знам, можда права љубов е во прашање. ;)
Само да ја земам таа помочаната диплома, светот има да разбере какви манијакални професори и асистенти се движат на факс. И тоа со име и презиме. Двајца помалку да им се запишат ќе славам. And you can print that !
 
Драга кајгана, цел ден имам некое горко чувство во градите.
12.04...јас не заборавам, Македонија не заборава !
 
Гледам сите на ФБ за профил ставале броеви, 1, 3, 5 што ли јас знам, си ставив и јас 77 да не останам покусо и плакатољупци ми пишуваат во инбокс кој е кандидатов???
acigar.gif
На мајка ви Стојната.

А за ова што 2 години поминаа и уште нема никаква пресуда за дечињата се надевам дека некаде во универзумов се собира камата за сево ова и ќе се врати ударот сосе неа во било каква форма на тие што го кочат ова.
 
Picture 1410.jpg КАКО ЛИ ИЗДРЖА... член од 2009 година,и пред малку севте направи и прашува:
како да направи тава со ориз,а да не загори.............ПОМАГАЈТЕ ДРУГОВИ (за чекањето еден лајк од мене)
 
Саботна симфонија

Решено е да заврне. Ми мириса на натежнати облаци, но решавам да тргнам пеш на работа. Секогаш откривам нови парчиња од градов. Никогаш не бил олку зезнат април. Скопје никогаш не било олку зезнато.

Се движиме паралелно како два змеја на небо. Ни оган ни срцева срж. Само ветер и облаци што ми читаат на глас музика на којзнае колку јазици. Се движам, а стојам. Овој град стои и не’ држи како заложници во својата мека, мачна утроба.

Мајка ми цел ден повторува дека е Лазарица. Ко да ми значи нешто тоа? Не се сеќавам. Беше погласна од телевизорот денес. Цел ден зборува. Ми пречеше додека читав книга, но не и кажав. Ќе се налути. Дедо ми се викаше Лазар. Почина кога имав 4 години. Не го памтам. Само мирисот на цигара и голема градба, рамена покриени со темно палто и испукани дланки. Тоа е толку тажен исечок од моето сеќавање... Одам. Градов нема насока. Ниту пак јас. Син држи мајка за рака и одат некаде. Синот има сигурно четириесетина, мајката седумдесет и пет. Така. Кревко ја води. Можеби сето тоа е само моја перцепција по Партизанска. На пешачки се’ се раскрилува. Чекам. Црвено светло како црвен картон. Стој! Човекот во автомобилот ми праќа ишарет, може е нешто среќен. Јас, упатувам кисела насмевка. Не ми се флертува со светот денес. А бездруго, жената што помина покрај мене беше убава. Може неа и се обрати. Колку убаво лице со толку погрешна шминка, си помислив. Група Роми покрај матично се грабаат за кутии од картон. Некој вреска. Не дослушувам ништо но јасно гледам - врела шлаканица се упатува кон еден од групата. Тропоти тарабука. Без заби а со огромна насмевка, пред нозете ми паѓа чоколадно бомбонче. До Матично сум. Којзнае колку бракови сега се склопуваат, а јас се распаѓам пред овој град. Отворено замижувам. Ми паѓаат бомбони од небо? Ма неее... Тоа е само твојот град, Ана. Твојот уморен град. Продолжувам да итам. За брзо ќе бидам по уличките на Дебармаало. Еден пар, се фотографира со развиорениот јоргован крај едно дворче. Ќе ја зачуваат ли фотографијата, се прашувам. Не знам. Што можам да знам денес? Дека сите пукнатини од срцето треба да се исполнат? Со што? Со празнина? Со пудинг од ванила? Со сеќавања? На кого, драго мое Скопје, ти му умираш?

Веќе сум во Центар. Купувам сладолед со втренчен поглед кон продавачката, која нешто брои и не ме забележува. Се закашлувам (колку смешно е кога не знае човек да рече "извинете", зошто не му се зборува), а таа ми ја праќа најубавата насмевка на светот и веднаш доаѓа до фрижидерот. Заклучени сладоледи. Можете да замислите колку е тоа тажно. Сите сладоледи на овој свет треба да се ослободат.

Треба, да се ослободи и ова небо денес. Симфонија, чиј клуч го заборавив. Во себе. Само така можам да се гушнам без да се расплачам.
 
колку светот би бил поубав а со тоа и нашиот град и нашиот форум кога почесто би читал вакви текстови како погоре.
 
Воздухот мириса на дожд, на озон. Седам на тераса завиткан во кебе и си го допивам кафево, се сетив на времето кога крупен дождец ми паѓаше од очиве, најлошото чувство во мојот живот, секоја капка ме гореше и печеше како киселина. Изгубив многу луѓе во мојот живот, го изгубив херојот, а ова толку многу ме погоди, ме врати 14 години наназад, бес, очај и бескрајна тага. Помина.

А сега, сега седам и уживам во погледот, цигарава веќе изгоре до пола, кафево таман се излади, листам некои сајтови и се смејам ко луд, не затоа што полудев, туку затоа што говедава го анихилираа последниот грам его што го поседував. Фала ви, ме направивте подобар човек. Фала им на лицемерите, добриците и скромните - маме сте си ебале.

Фала ти и на тебе, што ме убеди дека има тешки говеда на светот, кои не се во состојба да расчистат со себе си, а камо ли да останат со некој, или да гребнат од нешто што се вика љубов. Сега можеш да се јавуваш колку сакаш, јас нема да ти кажам ништо грдо, нема да те испцујам, те исплакав јас на живот, иди и биди среќна.

Сега, сега сакам едни сини очи кои на Сонце стануваат посветли и прошарани со кафеави пеги. Можам со денови да гледам во тие очи, а ти од време на време ќе се насмееш и штом погледот ќе ни се спои, тогаш се раѓа нова насмевка, тогаш пулсот ми се зголемува, а ти само ќе ја свртиш главата срамежливо и ќе прокоментираш нешто.

И понекогаш ми доаѓа да викнам ТЕ САКААААМ, нека слушне целиот Универзум.
 
Мали кафански мудрости vol.8

Синоќа, одиме во кафана, добра певаљка, добро друштво, добро мезе, али јас го заборавив мобилниот. Сите во друштвото, нешто куцкаа и беа насмеани и ведри, само јас морав да пеам, пијам и да се забавувам. Каков пех! :( Кој ми е крив кога не мислам со главата. А можев и јас да куцкам по телефонот и да уживам во излегувањето.
 
Драга Кајгана,
Баш си размислував за тоа колку човекот се менува како расте, за тоа колку човекот се менува под дејство на општеството.

Се сеќавам во моето мало во кое живеев бевме само 5 деца, сите останати беа возрасни. Како единствени деца во малото сите не сакаа... чичковците кога ќе поминеа покрај нас и ќе не видеа како сложно си игравме ни даваа 20-30 денари за секој од нас да си купи по едно лижавче или мастика, но ние си купувавме Кока Кола од онаа Кватро што е 20 денари и си ја делевме по една чаша за секој. Од нашето друштво од 5 деца, четворица бевме машки и едно девојче.
Насабајле излегувавме околу 11 саатот, игравме со топка, градевме куќички под и на дрвата, се бркавме, правевме експерименти со сапун, сјај..., се криевме под сенка од силното сонце и се така до кај 4-5 саатот кога нашите мајќи ќе не викнеа да ручаме... ќе ручавме и одма излегувавме со полни стомаци храна.
Одевме право во веќе изградените куќички каде си раскажувавме кој што ручал. Кога ќе дојдеше 6 саатот почнувавме да играме фудбал или Пат околу светот се докај 7-8 саатот и веднаш потоа почнувавме да играме жмурка или граница се до кај 10 саатот.
Потоа гледавме во небото како свети Месечината и ѕвездите и си раскажувавме страшни прикаски седејќи на тревата.
Кога ќе дојдеше 11-12 саатот нашите родители не викаа и си одевме дома, се бањавме и следниот ден повторно истото.

Си ветивме дека нашето друштво и мало ќе го чуваме за секогаш.

Се беше така додека не стигнавме 5то одделение. Тогаш почнавме да се мешаме со други деца во школо и да запознаваме нови. Сите тие нови деца вака или така почнаа да навлегуваат во нашето друштво, а ние деца како деца се радувавме на тоа што бевме повеќе деца и на тој начин играта ќе ни станеше поинтересна, не сфаќајќи дека новите деца ќе го растурат нашето друштво, нашето братство.

Времето минуваше ли минуваше, а се повеќе деца влегуваа ли влегуваа во нашето друштво. Ние стигнавме 8 одделение и почнавме позрело да ги сфаќаме работите, а со самото тоа почнавме да сфаќаме дека иако се дружиме сеуште онаа детска радост, онаа детска и другарска дружба и љубов повеќе ја нема. Некои од новодојдените деца правеа лаги и главна цел им беше да го уништат нашето друштво, а во тоа и успеваа.
Па така кога почнавме средно сите ние се повеќе и повеќе се оддалечувавме, а се случуваше понекогаш и кавга да избие. Лошите деца т.е. новодојдените беа горди на својата извршена желба, поточно работа.

Дојде оној период да почне и општеството да влијае врз нас... децата почнаа да го губат чувството за дружба како негогаш, а да ја добиваат потребата од тоа да бидат како возрасните, поточно сите деца тоа го сфаќаа дека чим машкото ќе порасне мора да биде напумпан фраер кој со својот изглед ќе ги плаши останатите, а женското ќе се смени 360 степени т.е. ќе прерасне во една дама качена на штикли, нашминкана, која ќе плени со својот изглед. Најважно им беше тоа да ја земат цигарата, да го кренат шишето алкохол и да изгледаат модерно и убаво, а не нивното друштво и нивното здравје.

Јас пак како едно правилно воспитано и добро дете прераснав во човек кој не скршна по тие лоши патишта, но сепак човек кој душата го боли за она другарство кое некогаш го имал, а сега го нема само ради некои штетици кои го уништија нашето друштво. Всушност јас одсекогаш ги гледав работите како да гледам панорама на еден град, ги знаев работите како раскажувачот на една книга.

Но ете поминаа многу години, со две од децата од нашето петчлено друштво продолжив да се дружам, додека со другите двајца и не се гледам многу често. Ја воочив огромната промена во сите нас во рокот од сите тие изминати години. Не сме тоа што некогаш бевме, оној пријателски сјај во нашите очи веќе го немаше, потребата за оговарање се повеќе и повеќе се зголемила, алкохолот и цигарите станале поважни и повкусни од Кватро Кока Колата која ја пиевме, употребата на Фејсбук, смартфон и тагот станале многу побитни од тоа друштвено и пријателски да си поминеме.

Тие проклети социјални мрежи го уништија нашиот малски живот.

Но едно забележав, а тоа е дека во сите нас петорица постои сеуште доброто воспитување кое како мали сме го стекнале и дека иако сега имаме нови друштва и нови луѓе околу нас сепак се држиме на дистанца, посебно јас, затоа што знаеме веќе еднаш како некој непознат го уништил нашето пријателство.

Но од се сепак на крајот излезе она вистинското, а тоа е дека подобро е да имаш пет вистински другари, одколку еден тон лажни другари, т.е. штетници.
Но како и да е убаво рекле... еднаш се живее детството, затоа треба и убаво да го поминеш, бидејќи тоа никогаш повеќе нема да се врати :place:

:)
 
Последно уредено:
Најпрекрасните луѓе што ги познаваме се оние кои го познаваат поразот, го познаваат страдањето, ја познаваат борбата, ја познаваат загубата и го пронашле патот надвор од проблемите. Овие луѓе имаат почит, чувства и разбирање за животот. Тие се исполнети со сочувство, нежност и грижа за секого. Прекрасните луѓе не настануваат случајно!
 
ДК

Во пресрет на инфериорноста и слабоста на македончето, особено за неговата положба, умствена или општествена.

Во времето на римското царство, особено во источното римско царство, освоените териотирии се нарекувале римски провинции. Оттука со освојувањето на Грција и Македонија тие биле поделени повторно на два дела. Македонија како римска провинција со новата внатрешна поделба на два дела Македонија Прима на југ и Македонија Салутарис на север и со поставување на чиновниците кој ја воделе римската политика дошло и до поделба на народот. Тоа значи дека во едниот дел народот живеел назначително подобро од македонскиот народ во другиот дел во рамките на Македонската дијацеза.

Тоа довело до нивна трајна разделба, односно до завидливост меѓу двете вештачко создадени страни на ист народ, на македонскиот народ. Со тоа, гледиштето и ставот на едната страна која живеела во добра економска состојба и изобилство на духовни блага, добра, особини и уметност не била погодна за сфаќање на бунтот и револтот на другата страна. Имено, истиот тој бунт и негодувањето на другата страна непрекинато се создавале од нивното секојдневие, односно третирањето како сточен материјал со единствена намена за молзење од работа, а наградата се состоела единствено од храна наменета само за преживување. Со така поставените работи и пранги врз другите, од римските провинции резултираше добро позната латинска поговорка - Divide et impera – Раздели па владеј.

Денес се соочуваме со истата политика. Луѓето гласно ќе потврдат на улица дека народот не бил никогаш толку оттуѓен и поделен како изминатиот период. На истите улици ќе ги видиме и просјаците што ги има во изобиле, еден минорен сегмент на македонското секојдневие што се рипа како нешто најнормално, не дека Вие останатите немате поим за истото па јас сега ве просветлувам и Ви ги раскажувам реалните состојби. Туку жал ми е што не е муабетот само историска приказна што дечко ми обожава да ги слуша во центарот на Скопје и учтиво ме прати кога му ги раскажувам. Тажна е и прилично мачна помислата, а многу веројатна - ќе поминат уште илјада години од распаѓањето на Источното римско цартво, но остатоците од неговото владеење и политика се длабоко вкоренети во новиве политичари, а особено изразени во нашево модерно време. Ние НЕ еволуиравме и НЕ ги надминавме тие разделби, поделби и пички мајчини. Нема потреба од нови анализи, модифицирани во економски и правни рамки, нема потреба ниту од напумпани статии и филозофирања = млатење во празно. Човек ако реши да се занимава со овие апскратни поими нека земе да чита историја. Се` што денес се случува не е измислена топла вода, туку е маститис (воспаление на дојка). Кај народот, во нивната свест воспали еден огранок, една помала организациска единица и добиваш win - win ситуација.
Утре ако решите да излезете од вашата комфорна зона на излежавање и решите да направите поголем напор во општествени рамки и да заокружите просто бројче, гледајте да биде тоа така, затоа што сте ги прочитале програмите на сите понудени кандидати. Не затоа што ви проработила митската свест, па ги изедначувате бркчето или кривото око со способностите на иситиот кандидат. Потрудете се да измените барем дел од конфигурацијата во општеството, ако ништо друго можеби за едно милион години просјаците и питачите на улиците ќе бидат вистински згрижени, а не само на хартија.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom