Драга,
Може и требаше да се разбудам после 2 дена. После скоро 2 години, се испокарав со мајка ми. И за што? За еден глупав ебан (ќе ми простиш ама нема да го цензурирам) факултет. Ако е вака, ќе го баталам скроз. Ќе се префлав за да не кинам живци веќе, ама очигледно она ќе ми ги кине ако не факултетот. И добро, не сум на Марс отидена побогу. Неможе некој да ме убеди дека во тие 2 години што не сум таму, факултетите сега ги почитуваат студентите и студентските парламенти имаат поголемо влијание и дека новите професори (пошо старите у пензија отишле) се нешто подобро и нема да не` дриблаат. Абе ајде, кого лажеме? И демек ако имам врски сеа многу поразлично ќе биде. Сиииигурно. Истерав 3 години без врски, сеа за последнава што ќе ми се? Ќе ми полагаат за мене? Ќе идат да чекаат во редови за мене? Ќе учат за мене? Ќе бркаат професори за мене? Добро, може последново ќе го прават, ама тоа ништо не ми врши работа. Може и само бетер да е и професорите да ме гледаат ко некое размазено детиште. Особено ако се како Анто некои. Можеби ќе можам да поминам полесно и со помалку пари, ама ќе останам без живци и со диплома што ништо не ми значи. Боље него да ми пропадне се` што сум вложила до сега, ама зашто да не дадам повеќе пари, преположам нешто и завршам најбрзо што можам, со диплома што е каде каде поприфатена овде. Да не збориме и дека сигурно ќе научам нешто повеќе ако се префрлам. Ама не, мајка ми знае повеќе. Зашто е мајка!
И денов е мизерен и врне. И не дека нејќам дожд. Обожавам дожд. Ама прати ме во Флорида и прашај ме дали сакам дожд. Овде е мизерно и ладно и никакво.

Кога ќе размислам, мислам дека ова

најубаво ми го опишува денот. Немаше потреба од целиов реферат погоре.
И колку да завршиме на позитивно. Мускулите не ме болат колку што мислев. Добро е. Јака сум.