Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Сама себе се изненадувам од тоа колку знам да бидам смирена во хаотични ситуации. Дури и језиво ми е на моменти од сама себе, неверојатно е колку знам во даден момент да бидам ладнокрвна кога се околу мене е напнато, нервозно и кога се се распаѓа. Ја имам силата, жими се. :cool: Е сега тоа што после откако се ќе заврши и ќе се среди имам емотивни изливи, тоа е веќе друга работа. :icon_lol: Викендов нема да сум тука, се надевам нема да има поединци кои ќе ме напнат и изнервираат, само да нема дежурни негативци и негативна енергија. :cautious:
 
Драга, вакво време надвор ни Хичкок не може да режира.....
btw не е понеделник, ама реалноста е таа...

mHAilqe.jpg
 
Драга слободава у модерново доба, е систематски створено и со векови унапредувано сурово ропство, кое не може да се примети со голо око или плиток ум!!!


Зунггузунггугузунггузенг:vozbud:
 
Д. Кајгана

Пошто сум "пратеник" и често одам во продавница да пазарам, и скоро секогаш кучето (бернандинец) на комшијата спие, но исто така и чинијата му е секогаш полна. Арно ама денеска се нашол некој паметен, и се накрка како што и доликува на една мачка. :D
 
Последно уредено од модератор:
На работа добивме неколку CV ама две ми паднаа во очи. Едно беше со вовед: Здраво да ви пишам во врска со огласот. :pos:
Друго беше со печатни грешки и за контакт ставил и линк од неговиот фб профил, ама важно на копијата од дипломата просекот му беше 9.7 :cool:
 
Драга Кајгана,
Еве, се прибрав дома... си седнав пред компјутер, кафенце, ова она, цигарче ама цигарчето на тераса.
Викенд конечно... Ќе се одморам како човек, ништо не работам.
Оваа недела беше напорна. Извозев барем 900 км. Башка друго...
 
Миличка ,

не е дека не сакам да се дружам , ама ако сакам да прошетам на воздух , сакам да прошетам сам .
Место да шетам со лик со кој се гледаш секојдневно и вртите едни та исти муабети попрво би ги ставил слушалките на уво , би се оклучил на MODE пасење трева и ќе си уживам у двочасовно шетање со фина музика .
И одма е друго после...
 
Драа, ме премрзе да гледа заостанати епизоди од серии. Јебигa, тешко време дојде.
 
Ја ако не идам во пеколот поради плашење и бркање џукели,еее!
Абе кој мозок лае во 2 саат по полноќ!
Па,спиење пред врата?
Ааааа,нека му ја мисли.
:свиркам:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom