Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Бев втеретана (okay laugh it up), па дома добро ме пречекаа со пресно стасана роба шо требаше да се внеси, па ајде примавај товар на вејче папсаните раце, па по некој сат сеа треба да се спакува, ама пак че бидам спремен за тенисо утре, @Red John има да го крка...

И да, нека тера вака временцево, да се седи надвор пошо другариве оток се со цигарине насекое сам си седам forever alone. Че фатам че се распушам пак.

ќис
 
Драга К,

Ми недостига планинскиот велосипедизам...заради работава не можам да си одвојам време да појдам да извозам еден цел ден.
 
Ме викна пријателка, стара пријателка на гости.. Би отишла.. расположена сум...И убаво ми е.
Ја немам видено одамна... ке прошетам. И онака воздухот надвор е свеж.
Имаме многу работи да си кажеме, сепак поминаа 10 години од кога ја видов последен пат.
Срекна сум што ке ја видам.

Пријатна вечер.
 
Неверојатно е како Љубов на далечина те прави трпелив и истовремено луд. Си се надзборувате на Скајп. Некако ко нејасно да ти е дека еве кај е, ќе си дојде. Спа третман во Асеана, точакот на гланцање и верба во Човештвото. Ме фати порив денес да излезам од работа без да речам ни збор, да дадам отказ, да излезам со парола РЕВОЛУЦИЈА и што сака да ме снајде. Затвор, солзи, нервен слом, што да е.

Во меѓувреме - пролет е секогаш добра идеја. Особено ако имаш прозорци во канцеларија што гледаат кон Вардар и птиците пеат апокалиптично. Ми стигнаа спам пораки за слабеење и понуда од Групер за 30 % попуст за боди врапинг, а јас во лифт се качив со пола кило чварки, рефус, од Веро. Ако се умира, да се умира за идеалите. И онтолошки и гурмански.
Ќе бидам ли добар родител, се прашувам?
Што ќе им оставам на своите деца? Стрес? Бол? Сеќавања за некое друго време? Долгови? Тага на врат? Љубов? Вредности? Воспитување низ солзи?
Сфаќаш - имаш само Љубов и си нулта стартер. Дома се ренда цвекло. Сестра ми настината, на боледување. Сите дома. Само јас на работа. Родителствувам и ме фаќаат воздишки за врат. Тој ме бодри. Ми чува место до него во авион. Зар можам нешто повеќе да побарам од овој живот? Здравје... За моите, за мојата земја, што се разболе од нечовештина, од алчност и тага. Можеби само плачам без солзи.
Колку солзи собира во едно човечко срце?
Онака само прашувам.
Многу прашувам, ама...
Како инаку ќе дознаам.
 
Лигa нa Шaмпиoни.
А тоа па, се гледa ли воопшто?
Лепотицата навиваше за Барса, јас и реков, што ти е?
Испадна кандида било.

ХАХА

После друга ми пиша.
Не знаев.
Автобусот надвор помина.
Дримбоксот прегреа.
 
Драга Кајгана
Абе еф неколку сати си читкам наваму натаму поџоа литература, и таман да си разгледам шо има ново, да ти кажам право ето еден тип со жолт камион си отворил тема, глуп сум неможев да ја сватам освен прашалници нишчо друго не разбрав и таман си прочитав и сватив шо е работава и так да коментирам од нигде ја закључија темата аи! А баш сакав да се договорам со тој жолтио камионо колку кубици дрва за огрев мој да ми донеси за другава грејна сезона. :D
Драга тресам зелени, се осеќа ли ?
Доста е мислам, таман и фудбаливе да ги пратам а да ти кажам право ус п'т ми е меанава* (кладилницава) знајш мора да позастаниш еуфорија голема, пиши ја ова пиши ја ова, не бе чекај, нервози па ајде пцовки ууаа судија абе да се изнасмејш, осеќам ке се изнасмеам вечерва.
Те сакам моја мила драга кајгана :pos:
Ајт Сиктер.
 
Голем хипстер сум ја,
црн леб ќе
јадам,
о драга.

Не е како на патник, педер, поет ама искрена е и чувствителна.

Пи ес малколм, повикувам те на обрачун кај ио, според договорено.
 
И така Неса уште е закачена на компјутер кај клиент и му поставува нова верзија од апликацијата за која потроши многу bodily fluids...
Од социјален живот, само порно ми остана ... :unsure:
 
3866-та година ...

Македончето конечно се сети дека кога звони на рандом бројка на домофонот на зградата за да му отворат влезна е исто како да му звони на врата на човек кој не го ни познава , нит очекува .
Но само се сети , а не го искорени тоа дејство од неговата рутина . Реши да почека уште милениум-два.
 
кејгси

ноџињата на ноќта се мекани како памук, ама кога ќе ти протриеш меѓу палецот и показалецот...they give you the shivers. И најмалечката капкичка крв е само формалност во мислите ако човек ти впери пиштол на глава. И галаксијава у паралелната галаксија е разголена, а кајшто живееме е меѓувремето каде млечната патека е фрлена на паркетот, кој патем мокор, лут оти му ставиле знак за wet floor, ќе лизне од време на време некој човек, чисто да заборавиме на задоволствата.

..и така.... :гик:
 
1896825_648918841852422_1058263829_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom