Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Баш ми е чуден форумот вака. Но ќе се навикнам.
 
Драга,
Го повлекувам мислењето дека вака си совршена. Имаш една маана - sidebar-от „Нови теми“ ти е многу краток сега. Ама ако, уште те сакам. :love:
 
  1. Кој рано, рани за 5 минути си завршува преглед и зимање крв во Државна за испитување. Еднаш и јас да не чекам толку.
  2. Од кога немав јадено на плоштад, така рано, пука сонце небаре си чинам се врти околу мене.
  3. Доаѓам дома, мајка ми ме изнервира и пиши му пропало на убавиот ден.
  4. Абе глуп, не ми враќај seen на <3.
  5. Со Dark King пак муабети за старо Ѓорче и Скопје на чат, да измислат временска машина ти се чини небаре први ќе одиме ние.
 
Драга,

Комунални инспектори ќе ги казнуваат луѓето ако сушат алишта на тераса.


Не смеат алишта да се држат на тераса, само знаме на ВМРО може!
 
"Listen Pink Floyd, you must, strong with them, the force is. Yeesssssss."
-Yoda
 
Не, не може! Не може да не го сакаш звукот на камбаните. Во клучниот момент кога ќе настане тој звучен бран милиони атоми од избрани метали вибрираат со разнообразни фреквенции кои ти ја милуваат душата.
И убаво е да уживаш во звукот на камбаниве, секој ден ги дочекуваш на клупата, те враќаат наназад во времето кога камбаниве на душиве беа погласни од нив и безобразно те водеа во страст.
 
Драга... си седнав малце на компјутер... да се релаксирам малце... си пуштив Битлси нешто од последниот албум.
Времето да помине и да си легнам.
Утре ќе ми биде тежок ден. Навистина тежок...
Затоа, се надевам дека поручекта ќе има малце сонце да ме погали по лицето после напорната работа... далеку од дома... да ми измами насмевка и да ме испрати дома.
 
Драга,
Долго време ти немам пишано, ама болкава и празнинава шо ја иам у мене морам да ја испразнам, зашто ќе експлодирам ако и понатака продолжам да плачам и да трпам во мене. Една година и еден ден, тој повеке не е меѓу нас, ја нема неговата харизма, нема кој да ми ѕвони во 5 сабајле само да ме праша шо праам... Средина на Јули 2012 го запознав подобро, и за неполн месец дена тој ми стана брат, брат или сестра шо сум го/ја посакувал од секогаш и на кого ќе верувам и ќе можам се да кажам а да знам дека истото тоа нема да биде прекажано. Нема ден да не се сетам на тебе брату мој, неможам веке да бидам истиот тој шо 24/7 само се смее, сеа тоа смеење повеќе не е исто, не е исто кога тебе те нема.
Никогаш нема да те заборавам, а и никогаш нема да бидеш заборавен од твоите! Почивај во мир брату, великану мој!
 
Драга Кајгана,

Првпат пишувам овде, па да ти се претставам кој сум, што сум од кај сум.
Името ми е Морган слободниот човек. Од латинска Македонија сум, со малешевско потекло. На форумов како активен член начукав 4 годинки. А така пасивно можеби 6.
Доста за мене, туку ти, убаво си се поднови. Браво, убава си. :) Ја и јас со нов аватар, со Џонката. Добар е, добар.

Инаку се пријавив за ДЏ на кајгана радио. Се надевам дека во скоро време ќе почнеме и со него, да шуштиме, па уживањето да биде комплетно.
А воедно сакам да испратам апел до сите оние што се ентузијасти и сакаат добра музика и имаат слободно време бар еднаш неделно саат или два да пуштаат музика на нашево радио, слободно нека се пријават во темата на Скај.

До скоро читање.

ПС:Слобода за Ио Соно!
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom