Сабота по којзнае кој пат. Математички ако пресметам во низа години, ќе ми требааааа... Пааааа, едно дваеседум минути.
Туку, светов е од апови и down=ови напраен.
Ко играчка на батерии.
Сакав да кажам дека пролет иде. А каква ќе биде, сигурно нема на телевизија да даваат.
Шмекерски си залепувам крем за лице, го колнам простиот телефон што цркнува на секои три минути, сонувам за едно олдскул мп3 плеерче со два гига музика и одам пеш на работа со кесичка од Зара а во неа тегличка црвен грав, алуминиум фолија во која се кријат пржени кришки и пластично кутивче салата од цвекло.
Морни, копачи и копачки, треба да се чита, да се скита, да се пита (прашува)!
Љубов. Први. Вино. Вина. Многу стрес и бес. Врските се како секси корсети. Или пукаат или нежно се одврзуваат за до следниот чин. Мачкиве важно си се изнауживаа по хауби, подруми и настрешници. Снег - ни за лек. Во недела, Сокаче и роденден на мојана водолија. Ив Енслер, Добро тело. Како полнеж во пиперка. Имам вишок. Засекогаш ќе имам вишок. Килограми, револт, љубов и емоции.
Зарем тоа не е прекрасно?
М.