Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК
Вечерва се утепав стискање лајк на последниве 2-3 страни од твојава тема, ќе ме помешаат со бубамарата :oops:
Него казио со рубиковата алал да ти е, порано сум пробал неколку пати одамна да ја решам, воопшто не сум успеал, ти за помалце од минута си ја спичкал (y)
 
ДК Знам само едно дека многу лугје ке патат и тоа многу претерано,епа тоа си го заслужија.Нема им е со здравје патенјето.
 
Најголема иронија во животот ќе биде да правам свадба (ако некогаш правам) во февруари.:icon_lol:

Традиционално, процедурално, да ја најавам штеточината од месец такозвана февруари.

Bring it on, bitch!

Уште 27 дена, 23 часа и 10 минути!

The game is on! :cool:
 
Дали стоби флипсо (без арогантно т) залепен на плишена пижама е всушност сронет месечко на истата? Дали луѓето треба да се плашат од смртта или од начинот на кој го живеат животот? Ццц...


:love:
 
Драга.
Ме фати носталгија, ми текна една случка од детството.
Сум бил некаде 6 години пред да тргнам во школо, многу си играв со мојата братучедка што е 3 години поголема од мене, таа сигурно е била 2-3 одделение, плачев, и јас сакав да одам со неа на школо, па ајде ми купиа моите ташна, ја наполнивме книги и одев и јас со неа 2 дена на школо :cool:
 
драга кајгана, ми иде да земам и го здробам ќотек на тава ѓубре... ама ако.. уште малку нека појаде гомна...
 
ова мораше да биде најдолгото седењена слава, од осум до 3 :)
кој муабети се свртија мислиш ко на порта женине
мавнав едно 5-6 ракии, онака за да издржам до крај :)
 
Кеј, си се разбудила ли со главоболка? Јас да и многу е грдо чувството. Можно ли е да е од многу спиење? Мада ова за мене не беше ништо, по толку малку преспани саати минатата недела. Кој знае, стварно ваљда почнаа чуда ми се дешават и мене, па нема да сум више најголемата спанка на цел свет. Кога сме кај чудата, да ти се пофалам едното ми се исполни, чекаме на другото сега. И имам едно најголемо чудо кое би сакала да ми се случи, ама тоа е тешко остварливо, дури и за мене, јас, која живеам во светот на бајките. Сепак надежта последна умира, ќе продолжам да се надевам, иако знам дека на долги патеки гледано, најверојатно нема да вреде. Да се надеваме дека сум грешка, дека ќе вреде и тоа како, само нека се оствари.
 
Прочитав горе како Иван тргнал два дена во школо
(ова не е цитирање,но ми даде идеја да кажам како и јас тргнав во школо)
Брат ми постар од мене година и нешто тргна на време во школо,но јас по него, барам и јас да одам иако сум мал,но некако ме примива тогаш и пази заедно си завршивме
8 оделение во иста училница во О.У.„Кирил и Методи“- во Пајко маало (кои бил знае)
Е тоа беше некаде при крај на 60-тите години од минатиот век. А потоа се знае на занат.
Затоа што треба помалку учење а побрзо до свој пари.Учењето го оставивме за други.
---------
А да и ова уште малку па ќе ги најдам сликите од лепотицата од Чачак и ќе ги „ставам“
А утре да не беше нешто празник.
 
Драга,

1000 мислење, на ти го тебе. Ако не ме бришат некаде во меѓувреме.

Втор ден веќе како копирам рецепти море, не знам што ме фатило.
Ќе пробам нешто секако, нема само да ми личат во лаптоп. Тие благите работи посебно лесно ми изгледаат, веројатно први ќе бидат на тапет.

Се забележувам дека кога ќе се занесам во нешто, тоа е и нема назад. Така и ова, не знам до кога ќе ме држи.

Толку ај, доста е. Пријатно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom