Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајг, мамурен пост овој пат. Не пијам веќе, барем следниве 2-3 дена. И денес по навика, како секој мамурен ден, си седам дома, 4 ѕида, мирно музиче и тоа. Размислувам шо се дешава околу мене, а посебно со мене. Има некои луѓе кои никако да ги извадам од главава. Се дружат со моите демони во главава, очигледно им е забавно. Иако не знам кој кого ќе го убие попрво. Празно е наоколу кајг, ноќта е глува, а луѓето се слепи. Слепи да го видат и тоа што долго време им е пред очи. Слепи да видам и сфатат некои работи, дека не работи сето така, перфекционизмот знае да убие и не оди по планираното. Не, уствари никогаш не оди по планираното... Гадна работа, се е расипано наоколу, секој гледа колку да те удри. А и ти самиот се наоѓаш во таква ситуација, разликата е кој има грижа на совест, а кој не, или барем полесно ја пребродува.

Не е добро нешто, а многу работи не се во ред... со мене... и со се останато околу мене.

Ама како што реков, ноќта е глува... викај колку сакаш, нема да те чуе...

п.с. this guy had a point... he always does...
We've rediscovered the long lost art of dying
Only the lonely resent angels for flying
Twisted, living off each other's sickness like parasites
This is paradise
 
факинг фејл значи
на сета мака му местев две другарки на двајца другари, и цела вечер ни тие ни моиве зуцнаа еден збор, друг пат ќе пробам да му ги раширам нозете пошо овие само така ќе можат. плус арт апореа е само една бледа копија на старата кога се во прашање забави.
одам да спијам ,доста ми беше ear rape за денеска
 
Немам константен аватар бидејки константно се менувам.
 
повеќе не се препознавам... посакувам да бех тај шо бех пред да те запознаам: тип шо воопшто не се замараше за ништо... денеска ко се погледнувам у огледало знаш кајги шо си мислам? ништо не мислам... се шо сакам е да можам да го скапам огледалото оти веќе не сум јас тај... зашо вољјата да згазам се пред мене и да дојдам до тебе е посилна од се?? зашо ко ти едноставно не ме регистрираш... понекојпат си мислам дека ќе имам шанса да почнам се од 0 ама знаш шо? се си мислам оти тај ден ми е се подалеку од дофатот!! се подалеку ми е оти јас го имам изгубено моето јас и тава јас са шо го имам исто како да не е мое... колку посакувам да можам да го врнам времето... :( искрено кајги понекојпат си мислам дека треба да посетам психолог ама знаш, стах ме... се плашам од самиот себе... само едно ке ти кажам за крај: се тава шо осеќам е неподносливо... не можам повеќе... ако не успеам (а и са како са не ќе можам) да започнам нов почеток ке стигнам на точка да се самоуништам психички самиот себе... не можам повеќе!!!
 
Драга, напи се малце ја оваа вечер. Ама побитното е шо сите пари си ги поарчив..

Туку коа сме кај парите, Милион Долари од Архангел да ја преименуват у Ивона Талевска. Фала.
 
Ja uste sum budna :-D
Ne e moguce znaci :-D
Muki pusti, uste malku krajot na svetot i pirst world problems mi se desava... Hahahah :-D
Ako...bitno da se druzime :-D
 
Кајгано,
не ми се спие бе :(
А да, ваму кј мене Џесика е синоним за пијаница, не ме прашуај зашо, не знам.
 
Обично не ги сакам неделите ама следната има со сета душа да ја чекам :pos:
Голема е причината, и затоа ке почнам да подготвувам што побрзо.
Не сакам нешто да згрешам, сакам се да биде во ред а сите останати да бидат задоволни од направеното.
И така драга кајгано, се случи чудо.Да се разбудам пред 12 часот. Можеби возбуда е во прашање?:pipi:
 
Драга, кога ќе слушнеш/прочиташ некаде како Владата презема разни мерки за да ја намали невработеноста, како на пример, субвенции за работодавачите, прва шанса за дипломираните студенти (практиканство) и слично, за момент ти се чини дека тоа ќе помогне за некаков почеток барем, но кога ќе влезеш во просториите на центрите за вработување и ќе ти кажат дека џабе ти е да аплицираш доколку самиот ти не си најдеш работодавец кој ќе сака да ти направи услуга...сфаќаш колку ефективни се истите. Според мене, треба на некој начин работодавците да се обврзат да примаат практиканти, а не тоа да се остави на нивната слободна волја. Фала му на Бога јас најдов работодавец за да одам на пракса иако огласот за практиканство беше одамна поминат па ме упатија од факултетот, но многумина сеуште не можат и крајно сум изреволтирана од начинот на кој се прикажуваат меркиве и нивниот реален допринос.
 
Драага, дали ти текнува на една твоја бивша легенда, Пато007? Секако дека ти текнува. Види што пишал на страната на спортската редакција на МТВ

Capture.PNG

Керлинг, керлинг, керлинг!!!!!!!
 
Кајги , денес е 2ри 2ри .

Ми доаѓаат спомени од средното . :pos:
Едвај го чекаа денов и се молеа да е работен најголемите фраери у средно , знаеш , оние за кои стотина девојки коси кубат и се молат здраво да им каже низ град . И оп , со црвениот дуксер дошол на 2ри . И на секоја пауза меѓу часови во ходникот излезен . Нормално , фраерски став со показалците во спуштените фармерки . И тука девојките му праат муабет за црвениот дуксер . Јао која финта (n)

/me searching for #kofa , #throw-up-soon
 
Драга Кајана,
Денеска денов започна никако, ама до вечер има да се го подредам и ќе биде супер.:D
Времево надвор стварно е супер, свежо, баш ми годи.

Исто нешто во последно време ме чуди....... зошто некои луѓе се серадознали, се занимаваат што, кој, како направил..... зар тие луѓе немаат сопствен живот? :confused:

Баш тие луѓе се оние кој те мразат, се обидуваат да те навредат, обрукаат пред другите, а самите не се свесни дека единствена занимација си им ти.
Која тема и да ја отворам за мене се има пишувано...... се сведува на тоа дека колку и да се против тебе, еден ден неможат без тебе :pos:

Ахххх Кајгано, деновиве само на музика се држам, незнам што ми стана :)
 
Кеј, 362 дена како се дружиме јас и ти. Денес ме почести да бидам дел од твојата главна струја.
Е па сега драги членови ќе ја запознаете bad, bad, bad blue ladybug, само ако не ми почитувате форумски правила. :pipi:
 
"Еден ден, ко ќе се наситите, ко ќе видите дека сопственоста е илузија и ништо в гроб не ќе однесете, ниту вие, ниту децата ваши и дека денот и со обичен леб и сирење се поминува ко крал, од таму натака, може и ќе се формираме во некаква држава, народ, нација... Сум видел лакомост, ама вакво чудо немам никаде сретнато. На крајот, ќе останете 200-500 милионери и неколку илјади полицајци кои ќе ве бранат еден од друг. Народот ќе си замине, цвеќињата нема да цутат, деца нема да се раѓаат...Ќе пиете шампањ, во името на сите нас, во вашата Слободна Македонија."
Златко Ориѓански
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom