Драга Кајгана,
многу, многу млитаво се чувствувам денес. Немам сила да мрднам од стол...
Гладна како куче, а ми се кожи ежата (ежи кожата) кога ќе помислам на јадење.
Ме лазат оние, како се викаа...морничавите нешта...
Станувам, веднаш на лаптопот, да ги изгледам јоште (уште, не знам на кој дијалект беше) еднаш видеата од Икс Фактор. Охоо, баничка. Може, може. Од ова не ми се кожи ежата (ежи кожата). Е, сега е подобро.
ШТО? Да вежбам физика денес (за натпревар)? Немој да ме ј... заборави! Ќе вежбам, што да се прави... Ми се спие, но ми оди повеќе од вчера...сум напреднала...
Татко ми ќе пржи колбаси, а јас само што се најадов...Па, така, кога станува во 4 наутро...
Уф, повторно сум гладна! Повторно ми се кожи ежата (ежи кожата)...Варен компир...Ајде, може...
Сега, откако се најадов, повеќе ми се јаде! Ова нема логика. Значи не сум најадена...чекај малку!Има малку салама во фрижидерот...
Абе, може да се истуширам, онака долго, еден-два часа...Одам!
*се слуша пеење кое наликува на рикање од бањата*
Сега уште повеќе ми се спие, бе! Ме мрзи да се облечам...ќе лежам со крпата врз мене некое време...или не. Ладно е.
Си ја тресам главата како мокро куче, ја фрлам крпата, облекувам гаќи и како некој глупак почнувам да играм Гангнам Стајл, онака, да ми помине поспаноста.
Одам во собата...гладна сум!
Да ти се плукнам на денот!