Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Да го боли дете глава и да не му дадеш аспирин, па каков родител си бе ти, да ти се плукнам у семката глупава. Штетни биле таблетиве ко да е некој старец од 80 години со 100 хронични болести. Ти ебам глупачава како си станала мајка, штетна била таблетава, а не е штетно што цело лето ги влечеш од 1 година по мориња и ги пржиш на Сонцево...

Добро бе, нема владата уведено минимум IQ за правење деца?
 
Д.
јас во врска, таа во врска.... случајно се најдовме, почнавме муабет и коа гледам 500 заеднички теми. иста музика, исти фимлови гледаме и утре идеме на кафе.
рече дека толку муабет со дечко и немала направено во овие 5-6 месеци колку што биле заедно.....јас мудро молчев на тоа......абе филм да снимиш.......:oops:
 
па.. чисто онака Human centipede што е срање филм ми беше едно милијарда пати поинтересен од Gravity, па види сега.

гив мај тајм бeк!
 
Занимливости поврзани со постовите на драга Кајгана:

1. На секои 10 лајкови на пост на драга кајгана, отпаѓаат во просек уште 28 кајганџии кои го виделе постот, но не го лајкнале.

2. Кога во пост на драга кајгана ќе ставите песна од јуб туб, неа во просек ќе ја преслуша секој 52 кајганџија.

3. Доколку поставите фотографија од вашето куче или маче, неа во просек ќе ја лајкне секој 9 кајганџија.

4. Само 14% од тие шо ве следат, ќе приметат што сте ставиле ко статус во ди кеј, а само 4% ќе ве лајкнат из атера.

5. Линк до некој веб сајт би го кликнал секој шести кајганџија.

6. 3% од кајганџиите само ги пратат вашите постови у драга кајгана за да си најдат повод да ве критикуваат и оцрнат.

7. 8% од кајганџиите жестоко ќе опцујат, кога ќе сфатат дека податоците се измислени. Иако се измислени, точни се.

8. 50% од кајганџиите кога ќе го видат овој пост ќе зготват чорба со карфиолoт кој им е во уста.

#статистика=магија + имагинација
 
Сакам да изразам подршка за еден од најголемите возачи во Ф1.Цел живот возеше една од најбесните машини,и остана жив и здрав,а сега се бори за живот од едно ебено скијање,која иронија е животот,Шуми мајсторе издржи,и очекувам бар уште една да се врати у некоја трка.
 
Драга,

Само да опишам нешто.

Се смеам ко шашава од прееска. Не се престанува.
Уште му го осеќам мирисот. Стисокот на половина.
Погледот, бидејќи ме гледа како што јас гледам еклери. Не, нема врска, ни тоа не е точно. Срам ме фаќа од тој поглед.
Ме пали мозокот што го има. И бицепсот, секако. Гласот е лудило.
Дознав што уствари значи рани на усните.

Кајги, фала ти.
Дедо Мраз, ако постоиш, ништо не ти барав, но фала ти многу. :D
 
Мразам еднолични денови кога после кафето попладне завршуваме по 30 минути во кладилница. Дојави од италијанска серија б, nba дојава Њу Јорк вечерва играј ја плуска на 95.5 коша, ракомети во 6 ипол со плуска прво полувреме, сметање коефициенти и анализирање табели, особено важни се резултатите од меѓусебни дуели и просечниот број на дадени голови во последните пет кола. Разбирам дека кладилницата е последниот крик на сиромаштијата. Само таму има луѓе од секакви возрасти, од двата најзастапени пола на светот, националности, општествени класи, дотерани, скинати во исто време кои чекаат натпревар за смешна сума пари поради која нема да спијат вечерта.

Јас, понекогаш си одам и немам нерви да ги чекам другарите да си ја исполнат својата должност на денот, но кога останувам само за да не си одам сам до дома, како занимација на ливчињата за уплаќање, аматерски цртам работи. Еднаш ќе нацртам вештерка и тоа значи дека масата е покриена со магија за нефаќање, поминувам со неа по коефициентите од билтенот (и додатокот) и тоа значи дека натпреварите нема да влезат според напишаното. После тоа мора да ме чекаат да нацртам волшебник (или витез) кој ќе ја уништи магијата на не-фаќање и ќе им донесе мала иронична насмевка во нивните скришум суеверни карактери. После витезот (или волшебникот) и вештерката ги оставам на различна маса и не дознавам што се случува со нив на крајот.
Па си мислам, познатата сцена "I'll have what she's having" од When Harry met Sally да се одвиваше токму на тоа место, ќе беше заменета со "пушти го истото ливче за 50-че".

Имам еден џемпер кој баба ми ми го сплети кога бев мал и наместо секоја година да се смалува, по некој феномен за мене необјаснив, тој се раздолжува и сега не е џемпер туку е фустан. Премногу е грд, можеби еден од најгрдите џемпери на светот и само малку луѓе го имаат видено. Го носам затоа што премногу топли, цели зими поминувам со него и немам видено мака. Навечер, често ми се повторува истиот кошмар - јас, седам Ликвид на кафе, сите гледаат во мене, а јас не знам зошто. Кога погледнувам надолу, сфаќам дека го носам џемперот.

Од утре ќе биде поинаку. Ќе избегнам од таа рутина и ќе поуживам во заслужениот одмор.
Во новата година не посакувам ништо. Лани посакав една работа и испадна за 20тина дена да се случи нешто сосема спротивното од неа. Од 2013 година се сеќавам најјасно само на најлошиот и најдобриот момент. Најдобриот беше што во априлот стоевме на десетина метри од Марк Нофлер слушајќи го како ја пее Romeo and Juliet.
 
And while I missed the pieces of myself that has been killed by my own hands I celebrate the ones that I have created since. I have reinvented myself more times than I care to count and each one is a little less beautiful than the last which leads me to here, the now. The culmination of every moment of my life and I want nothing more than to tear every piece of my flesh off one by one to show you what's been hiding underneath...
THIS THIS THIS THIS THIS!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom