Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Да ти се плукнам на бебињата! Отишле да ме клеветат на класната...
Добро бе луѓе, трето одделение сте?
Очигледно, да! Уште кога носталгично шмркаат кога ќе поминат покрај детска градинка и со плачен глас зборуваат колку им било убаво таму и колку би сакале пак да одат на градинка...Добро, ајде, разбирам да имате убави спомени од таму, но да сакате да бидете 4 години...
Добро, побегнав малку од главното...
Ама идиотки тешки сте, мили мои поранешни другарки!
Добро, јавно ги навредив...но и тие мене. И не се каам воопшто.
Па и тие мене ме нервираа, и што? Требаше да одам кај класната и да велам: „Менееее тој и тој ме навредииииииии...Одииии тепаааај гооо....Тој и тој е лооооооош! Сакаааа да мееее убиееееее“.
Па ич не ме интересира!!!!!! Кој пак ја слуша? Нека си зборува на празно! И таа пак, само чека некој да се пожали и таа да почне да го „пее“. Секој класен час е таков! Па секогаш ги брани оние што се жалат!!!
И како можат оние моите поранешни другарки секогаш да имаат прблем со некого? Значи, вистинскиот проблем е во нив!!!
Па, дури рекле дека сум ги тепала...:facepalm: Кога сум ги тепала, бе? :pos:
Дали некој слаб удар по грбот (во стилот „брат, бе“) е тепање? Точно, понекогаш знам да се степам со некого, но со нив никогаш не сум се тепала...Па, нели „другарки“ ми беа, де?
 
Драга Кајгана,
Само што си помислив дека ќе одам на Таксират во Скопје, во моето Скопје....... ете ти некоја работа ти искача.... :sick:
 
Picture 1180.jpgморав да ја ставам сликава,заради приказната кога јас бев бар еден ден партизан. Точно така,имав голема желба да бидам комита или партизан. Е како ми се исполни тоа,бар да одам по патиштата на партизаните.Порано се почитуваше повеќе нашата борба за слобода.Наредната година по смрта на маршалот бев учесник на тој прочуен Февруарски поход. На делница Кичево-Македонски Брод. Во тој марш преноќивме во Пласница. Не пречекава во селскиот дом,селаните само машки и не понудива веднаш со топол чај.Имаше многу снег.
Потоа се распоредивме по куќите.
Ние шестина од работа во една куќа. Домаќинот ни покажа две соби на горниот кат.Ние се спремивме за одмор-спиење. Женска челад не видовме. Веројатно им беше забрането да се појавуваат пред нас. Од најмало до најстаро ништо. Една врата се малку подотвори и внатре се виде,полна со жени и женски деца. Таму почнаа да се движат-буткаат-сокриваат-но и ѕиркаат.Домаќинот веднаш отиде кон таа врата и ја затвори. Ние си влеговме во нашите соби.
Наутро станавме,живо пиле не можеш да видиш,ништо не мрда. Се облековме.се симнавме во дворот,никој не се појави и ние заминавме кон сред село,потоа го продолживме маршот за Македонски Брод.
 
Д.
зошто ја нема онаа предновогодишна еуфорија? :coffee: онака, баш ми е сеедно што иде Нова Година и мене, а и на повеќето што ги познавам.
ни по улица нешто се дешава, ни низ град....ама баш ништо.....
еве за три дена е дочекот, а јас уште не знам сигурно кај ќе одам, со кого ќе одам и дали воопшто ќе одам негде :coffee: сега нешто зборувам со еден другар ама не знам...тешко....ама да ти кажам ич ама буквално ич не ми е гајле, баш сум ладен. :свиркам:
 
Да сме заборавеле Голи Оток, да сме заборавеле приватизација, да сме заборавеле продажба на име, на знаме, на нашето малцинство, а југоносталгија пука од сите страни...
 
Драга,

Има ли некој што има завршено сметководство и ревизија, финансиски менаџмент и секако работно искуство (најбитно е искуство со финансии), а е невработен, млад и амбициозен да ми пише пп да го бутнеме на едно место?

Под работно искуство подразбирам обуката на новото место да му е два саати, треба веднаш да почне со работа.
 
Драга,
Гладот во очите и ’рѓата во срцата ги натера да заборават колку се радуваа како деца кога ќе слушнеа како поштарот ги тресе од снег своите чевли пред прагот додека на шпоретот потпукнуваа костените. Заборавија и колку цветаа од радост со шарените картончиња в раце не можејќи да се одлучат која од која е поубава. Ги гледам сега со ковертите в раце во редици пред шалтерот додека надежта ги јаде од внатре и мириса на труло. А јас, иако исполнет и среќен што не заборавив, се срамам. Да, драга, се засрамив што сакав некому да му донесам радост, или барем да му пренесам дел од мојата. А треба тие да се срамат! Заборавија една традиција која ги исполнуваше и додека ги пишуваа, и додека ги праќаа, но најмногу - кога ќе ги добиеја. Се прашувам: нели беа посреќни кога наместо да очекуваат стан, очекуваа поштарот да им заѕвони и да ги израдува со некоја честитка?
 
Кајгано
Лајк за Леандру зшто ми га погоди смер, али не га заврши јебан факултет : (
За сфе е криф Драги Јанеф, најдраг поздраф од мене имаш брат, црнци да те јанеф, на црни кобасице да умреш

Него Кајгано киду за прф пут у живот у кафану да славу нову
Миниќи сукњиќи хулахопќиќи мрснооооо
Што гу ебу мизуку, ке се излегавам у астал сс мноо зборење и смеање
Поздраф Нездраф
 
ДК,

Денес ме стрефи мизантропија.

Потоа сфатив дека спаѓам во таа група што ја мизантропирам, па влегов во рекурзија, којашто зафрчи накај бесконечност. А се појави ограничувањето на Хомо Сапиенс дека сепак има граница неговото време, енергија и желба да се истоштува со непродуктивности, па наместо да се оди до бесконечност, додадов уште само една причина плус за мизантропијата. И толку - заврши. x + 1 << бесконечност.

Животот продолжува.

И Хомо Сапиенс ќе *мора* да еволуира. Не го бива вака.


Поздрав.
 
Picture 1183.jpg Picture 1185.jpg Picture 1184.jpg си се фалам бре
ете така,ви е криво што имам повеќе внуци и внуки,ете така, кој ви е крив,што и вие не сте биле деца 50 и неке,па сега да и вие имате внуци,ете вака,нели така Кајгано.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom