Драга, јас да те поздравам на 1397.340 км подалеку од тебе.
Почнав да се прилагодувам на животот тука полека. Гратчево е тајни вајни и лесно е да се снајдеш, јез да ми помага што веќе сум била тука порано.
Ама убаво е.
Убави куќички, во убава населба живеам. Веќе си измеркав една куќа кај шо ќе си живеам со љубовта
Луѓето тука се пофини, покултурни.
Те поздравуваат пошто си жена, иако не те знаат.
Дури и постарите те поздравуваат! Не ти се дерат дека си некултурна зашо не платиле во автобус и сакаат да седат

Замисли имаш предност секаде, не те туркаат да влезат туку чекаат да излезеш.
Продавачките ти викаат добар ден и пријатно, те покануваат пак да дојдеш. Ти објснуваат и кажуваат што им е на промоција за да платиш помалку.
Во администрација жената ми се обраќа со срцка и ми се извинува што ќе мора толку време да чекам лична карта и покрај тоа што сите сме свесни дека не е до нејзе. Ми посака добредојде во државава и памти која сум и каква е мојата ситуација кога доаѓам пак.
Не морам да платам ништо за документите.
Не плаќам ништо за здравство. Доаѓаат од други градови со опрема и нудат бесплатни прегледи. Само аман заман лечете се и бидете здрави.
Дедо Мраз се шета по разни објекти и дели бомбони и чоколади, жив среќен што е таму.
Градоначалникот прима луѓе на муабет цел ден. Замисли цел ден ги слуша луѓето, им помага и не мораш ни да закажеш.
И не го знам јазиков баш најубаво, ама на сите тоа им е неверојатно слатко и се смешкаат кога ме слушаат како трескам зелени.
Пошо морале да измислат посебен збор за се.
Не можам да кажам дека ќе дојдам од Македонија. Морам да кажам дека ќе допатувам или долетам.
Прснуваат од смеење кога ќе кажам дека дојдов - пошо да дојдеш значи пешки а кој би одел пешки 1397,340 километри.
Не можам се да пробам.
Не можам да пробам како ми стојат пантолоните туку морам да ги ставам на себе и да измерам дали ми се добри.
Кога пробувам храна треба да кажам дека ја вкусувам, а кога пробувам нешто тоа значи дека се обидувам нешто да направам...
А и љубовта пукна од смеење кога му кажав дека имаат посебен збор за се, but it's not so funny now, is it?!
A и буквиве им се чудни. Имаат обични а, ц, е, л, н, о и с - и со цртички. А з-то им е обично, со точка и со цртичка...
Sooooooo....yeah...
Чудно е.
Кај сум навикната јас да поминам еден ден без некој да ми се испонаша, да ми се дере, да ми каже колку сум некултурна/невоспитана/необразована...
„Да ти ебам културата“
(Со нагласок на „да ти ебам“) - ко шо рече ден клиент кога луѓето ја оставија количката за пазарење пред него. И он мораше да ја гурне 1 метар.
НЕКУЛТУРНИ НЕОБРАЗОВАНИ НЕВОСПИТАЊА!!! leaving trolleys like that!
И така драга ти викам јас....