Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Dbitch listen......

да има некоја да ме разбуде на сред спиење,и да ја отерам онака у три лепе,и после саат време пак да ми се јаве :pipi: сигурно е возбудливо :cool:

да ти се наврам у креветот на сред спиење ми пукна,замисли на сред секс да испаднат штиците кој резил :pos:

п.с. колку ме сакаш ? колку мајмуните шо сакат да јадат банани :icon_lol:
 
Драга К,

Ти дојдов на посета и да знаеш ќе те замарам до сабајле е така да си знаеш и знаеш што? пушти си радивце со песни од 80's и уживај :cool: како мене...

Драга К, знаеш што? постар човек денеска на работа ме праша нешто: Дете мое како живееш? Дали си добро денеска? јас останав без збор...
 
ДК...

... Автобусиве на ЈСП се многу свето место. Поминуваме покрај соборна и карши мене две госпожи фатија да се крстат, па фатив и ја да се крстам за тоа што они се крстат. И така заедно си се крстевме. Сакав и да запејам Господи помииилуј, али премногу ќе беше.
 
На човек како мене со стоидесет кила, тешко дека ќе му е ладно на овоа време. Само по дуксерка сум пешачил до маркет. Сила сум, хехе
 
Знаеш, користат зборови поразлични од оние што ги слушаме секојдневно, за да изгледаат попаметно, а всушност тоа што го продаваат е исто, без разлика на каков начин го презентираат. Ама пази, тие зборови ги гуглаат или па седат со речникот пред нив, за да Перо од Стојаково ги праша за што точно се работи, а тие да му речат дека не знаат како поинаку да му објаснат.
Што знам, можеби така и се хранат.
 
Имам проблем мал, не сум уморен нема здрвеност во мускули нема болки во зглобови, е тоа е :icon_lol:. А бре имам енергија уште толку серии со истата вежби и тежина е тоа не е нормално, не знам што ќе се прави да се реши тој проблем :icon_lol:.

Утре брм брм на слава....

 
Dear K,

Кога сме кај скулптури, ова јас го викам уметност:

mold.jpg
 
Денес сфатив дека за некои работи треба дефинитивно машка рака...
Поминав саат и нешто во автомеханичарски сервис и како падната од вселената бев внатре...Имено, кога стигнав таму(со претходно закажано) ми рекоа да ја оставам колата и за саат време да се вратам доколку сакам, ама па се сетив дека во таа населба конкретно (Автокоманда) не познавам никој и немам каде да се шетам по ладното без кола и влегов внатре, седнав на една пластична столица, чекав и гледав тројца мажишта во тегет комплизони како работат...Едниот ми вика - дотерај ја колата на канал (лоолл :eek:) и кога го направив тоа ми вика - отвори ја хаубата...Во тој момент нешто се блокирав и заборавив кај се наоѓа копчето за отварање на хауба и само го погледнав бледо како падната од Марс и му викам - каде беше, заборавив...?(срам да ми е после толку години поминати со таа кола) и зема он го стисна и тројцата почнаа да се кезат...И во наредниот саат и нешто седев закована на столицата и го збогатив мојот речник со бројни автомеханичарски термини од нивната конверзација, како на пример: заден семеринг, брегаста, ребраст каиш, дихтунг итн...И плус се прашував колку ли им е само грозно пикнати во тоа темниот канал внатре лолл...
После саат и нешто конечно завршија, платив и си отидов, а надвор чекаа други да влезат...
И во јануари треба повторно да идам да мењале некој дел, а до тогаш ме предупредија по автопат да не возам, по долги релации...
Одамна не сум го осетила чувството како да сум паднала од друга планета и не сакам веќе да идам таму :( ...
 
Не си живеел, ако у живот не си излижал три ствари:

- Оној импровизиран б'скав поклопец од јогуртот
- Капак од еурокрем
- Лажичка, вангла, жици од миксерот при подготовка на „Брзи гонзалез".
 
Денес сфатив дека за некои работи треба дефинитивно машка рака...
Поминав саат и нешто во автомеханичарски сервис и како падната од вселената бев внатре...Имено, кога стигнав таму(со претходно закажано) ми рекоа да ја оставам колата и за саат време да се вратам доколку сакам, ама па се сетив дека во таа населба конкретно (Автокоманда) не познавам никој и немам каде да се шетам по ладното без кола и влегов внатре, седнав на една пластична столица, чекав и гледав тројца мажишта во тегет комплизони како работат...Едниот ми вика - дотерај ја колата на канал (лоолл :eek:) и кога го направив тоа ми вика - отвори ја хаубата...Во тој момент нешто се блокирав и заборавив кај се наоѓа копчето за отварање на хауба и само го погледнав бледо како падната од Марс и му викам - каде беше, заборавив...?(срам да ми е после толку години поминати со таа кола) и зема он го стисна и тројцата почнаа да се кезат...И во наредниот саат и нешто седев закована на столицата и го збогатив мојот речник со бројни автомеханичарски термини од нивната конверзација, како на пример: заден семеринг, брегаста, ребраст каиш, дихтунг итн...И плус се прашував колку ли им е само грозно пикнати во тоа темниот канал внатре лолл...
После саат и нешто конечно завршија, платив и си отидов, а надвор чекаа други да влезат...
И во јануари треба повторно да идам да мењале некој дел, а до тогаш ме предупредија по автопат да не возам, по долги релации...
Одамна не сум го осетила чувството како да сум паднала од друга планета и не сакам веќе да идам таму :( ...

Прво почнав да те читам до ситуација кај опишуваш троица мажишта унирофмирани, збунета цела, бла бла бла.... викам: уууу-јеееее некои еротични мисли ово оно, и после кога си седнала на стол и 30 минути си ги гледала и си мислила “како можат да живеат така“ почнав да се прашувам да не си ти случајно онаа девојка што сакаше да снима холивудски филм со Џејмс Дин и Мерлин Монро.
За момент и размислив, ама накрај гледам дека имаш некој цитат од Монро, морав да те прашам, зашто сакам да ти кажам дека те сакам. :)
 
Што не ќе видиш што не ќе чуеш.
Си седиме низ маало, се мрзнеме како гревови и после саат и кусур решаваме дека не е баш за надвор времево o_O
Си одиме накај дома, и го гледаш еден тип од населба во 10 саат навечер на минус температура земал со црево ја мие колата o_O:eek:

П.с. ја докажав теоремата што ја сањав пред некој ден :icon_mrgr: Сега има други две што ме мачат, и кај двете истиот проблем се јавува постојано :place:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom