Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК
Да си го поздравам јас Ноември зашто следи стандардно тензичниот месец (кој колку ќе дозволи да му е тензичен), тупење и планови за каде да се слави НГ, купување парчиња облека за "најлудата ноќ", за една вечер трошење нереална сума на пари, а касите домашни прилично празни.

 
Се разбудив со џумка на глава.
oreillycantexplain1.jpg


Не пијам повеќе.
 
Од ден на ден, станува се по мрачно и по мрачно. Недела како ден, не е доволно гнасен, па уште изненадува со смрт на млад човек.

Се прашувам кога ќе се види слободата.
 
Драга,

Јас не ги поздравувам ни ноември, ни декември, едниот ми е мило што помина, а другиов со цела душа ќе го чекам да помине. И јануари, и февруари, па и март.
Не можам да го поднесам ова врнежливо, студено и мрачно време. Не можам, ми влијае на расположение, повеќе од што треба.
Јас сум мајско дете бе, се радувам и виреам кога оживуваат нештата, а не кога умираат.
Се радувам на мали нешта - кога ќе си најдам некоја добра песна што не сум ја знаела досега, на неврзаните муабети со блесавиве околу мене, тук-там некој чај што ептен ќе си го погодам и волнените чорапчиња со кои конечно си ги стоплив стапалата.
Поздрав, ова од најтоплото место, кое сега, верувај, е далеку од топло. :cautious:
 
Другар
Ако сакаш некои гости што не ти се по ќејф,брзо да си заминат,а и ти си имаш работа,
тогаш стави на парното неколку пара неперени само мокри чорапи и едни патики.
 
Се случува на пример некоја несреќа, пред очите на луѓето. И тие наместо да помогнат, ваѓаат мобилни телефони и апарати и снимаат.
Е до толку е труло човештвово.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom