Едно нешто не ми е јасно на што се должи, онака од научен аспект...
луѓе кои оддалеку не личат на неинтелигентни, напротив океј, им собира мозокот и 50 гига податоци, а потоа правиш семинарска со нив и гледаш дека не можат да поврзат две работи и да ги стават во една заклучна, дури и напротив, тоа што го направиле, е погрешно. Високо веројатно е и дека ќе имаат течен говор, убав и насмеан изглед при презентирањето, поради што ќе може да се заклучи дека добро си ја завршиле работата. Истите тие и посигурно ќе изгледаат пред работодавците и попрагматично и лесно ќе ги следат нивните инструкции. Истите тие нема да имаат никаков проблем со обични работи од типот возење кола, растење деца, качување планини, имање блиски пријатели. Нема да се замараат во мислите со позадината, длабочината, алтернативите, поентата.
Има еден познат поим "некопатибилност со живот", и мислам дека колку повеќе си надвор од горе-наведените особини, толку повеќе си ова во наводниците. Без разлика на другите особини што може ги поседуваш.