Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
драга, на 1000 статуси, слики, страници, групи наидов деновиве на фејсбукот и тоа се од дечиња од по 10 години. Фак.
 
Едно нешто не ми е јасно на што се должи, онака од научен аспект...

луѓе кои оддалеку не личат на неинтелигентни, напротив океј, им собира мозокот и 50 гига податоци, а потоа правиш семинарска со нив и гледаш дека не можат да поврзат две работи и да ги стават во една заклучна, дури и напротив, тоа што го направиле, е погрешно. Високо веројатно е и дека ќе имаат течен говор, убав и насмеан изглед при презентирањето, поради што ќе може да се заклучи дека добро си ја завршиле работата. Истите тие и посигурно ќе изгледаат пред работодавците и попрагматично и лесно ќе ги следат нивните инструкции. Истите тие нема да имаат никаков проблем со обични работи од типот возење кола, растење деца, качување планини, имање блиски пријатели. Нема да се замараат во мислите со позадината, длабочината, алтернативите, поентата.

Има еден познат поим "некопатибилност со живот", и мислам дека колку повеќе си надвор од горе-наведените особини, толку повеќе си ова во наводниците. Без разлика на другите особини што може ги поседуваш.
 
Бе педер

не ти требам јас,ниту некој друг да ти го разубаве денот, сам треба да си го направиш.

Ногу лоша реченица,ако ја слушните утре дента очекувајте пропаст.


дури и воздухот таму е по убав....ама шо фајде
 
Драга,

Од едно дно, имало и уште подлабоко дно. Иронија ме уби во последно време, ама онака, жива ме јаде. Ко провалија ова, нема крај изгледа.
Ми треба доктор Хаус мене.
Не е смешно, али подобро е да се смеам. :D

Ми треба и ова.
560204_423382941078393_1992362307_n.jpg

Мора ли за се да се трудам и за се максимално да се секирам за да излезе добро нештото?
Реторичко прашање.

ПС. Колега Epics, ќе ти ја дадам и мојата, јас не ја запалив тогаш, али повеќе од 1000 страници замисли си што фино ќе горат. :D
 
Драга

Попладнево нешто чачкав кај мене дома, барав нешто да најдам, и кога во еден момент пред очи ти излагаат касетите што ти ги дал братучед ти на чување... Не сум обрнал посебно внимание на нив, се до денес. Уклучувам видеото да видам што има на нив... и што ќе видам...НОСТАЛГИЈА!!! Во почетокот на 90' те години, роднинава да ти преснимувал песни од телевизија... и тоа не било какви песни, туку тогаш што биле во мода. Ги гледам, и се чудам, ги слушам секој ден истиве песни, ама колку е поинаку кога ќе видиш нешто снимано пред дваесет и кусур години. Сликата снежи (од староста на касетата), звук катастрофа, телевизијата незнам ни дали постои сега од каде што е преснимувано, ама човече чувството е како првпат да ги гледаш и слушаш. По овие касети заклучив дека роднината имал/има добар квалитет за музика. Инаку заборавив да кажам, касетите се од марка "Газела". Си викам како било тогаш во 80'те и 90'те кога немало јутуб и слични срања, луѓето се снаоѓале како што умееле (ова зборам како роднинава да живеел во периодот на креда :icon_lol: ), а денес ние, ако снема барем на една минута интернет, одма општа паника не фаќа...
Дел од песните што ги најдов на касетата



 
Драга

Некои луѓе треба да сфатат.

Успехот на твоите родители-не е твој успех. Парите на твоите родители-не се твои пари. Тоа што го имаш во животот не е заработено со твои раце. Успех е кога САМ ќе постигнеш во животот, а не мамичка и татичко се на тацна да ти сервираат. Среќата е кога ќе можеш сам. Желбата. Затоа не се пуфајте многу со тоа што го имате сервирано зашто не е ваш успех во животот. И бидете барем малку посреќни со тоа што го имате, ценете и почитувајте, зашто некој нема ни четвртина од тоа што вие го имате.
 
Драга, нешто многу чудно ми се случува деновиве...не можам да ти кажам што е, но страв ми е многу, збунета сум, не знам што да правам. Се надевам наскоро ќе заврши.:unsure:
 
драга Кајгана, не дека ме тепа некој кеф да говорам за Грција ама тава шо са пред малку видех шо се случува у Атина, е надвор од секоја нормала... Стрпи се и за неколку дена ке видеш как и шо се случува тама оти верувај, нема да ти се верува оти тава шо го гледаш е у Атина...
 
Кајги

Не е во ред работава, не ме слуша телото. :( Мислев дека набрзина ќе го постигнам тоа што го посакував али гледам дека 2 години пауза и не се баш мала работа, моментално се осеќам немоќен, неспремен...
Се надевам дека ќе иде на подобро во следниот период и дека ќе бидам тоа што бев пред одредено време, а и подобар од тоа. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom