Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајг, I can see! дури и сијалица уклучив :D
утре надвор, заутре светот! :D
Оу, и многу си го сакам кафематов, филтерот, кафето, млекото... таман :)
уште да го автоматизирав некако :D
 
Ептен воркохолик сум станал,чим почнав да уживам во трета смена.:D
 
Сабајлево ќе уживам...Две топли варени гевречиња, прошетка со кучето по снегот на парк каде што уште никој нема поминато, A Dreamers Christmas на слушалки и кафе од апаратот.

dog-snow-gif.gif
 
Драга ...

Пред 10 мин морав да убијам глувче , по законот на природата штетници се но јебига душа имаат , а плус го јадеше новиот инвентар во купатилото. Се осеќам бедно сеа у пичку матер , но немаше начин како да го фатам и да го пуштам надвор , ако ја отворев вратата од туш кабината ќе ми избегаше па морав да го попарам со врела вода одозгора.

Господ да ми прости на мене , а оно нека почива во мир , жал ми е што испаднаа вака работите.

И да , овој пост навистина го мислам , не е напишан со никаков сарказам ниту пак иронија.
 
љубоморно гледам слики од снегот во скопје, дур тука пука сонце надвор...
-4 е ако има сонце
 
Драга Кајгана,

Еве веќе трета недела на Дизни Фентази, и сеа за сеа е се подобро и подобро. Мислев да пишам долг пост, ама тоа ќе го направам утре, сеа само да пишам дека имав извонредна ноќ офф. Бев на вечера со 8 (осум) жени во еден од рестораните на брод. Сите што работеле на брод знаат колку ретко се случува 1 машко и 8 жени на вечера. Еве да ја откријам тајната. 2 девојки од фото тим и 6 од детска грижа :)
И го гледав најновиот Дизни филм, FROZEN, и се фотографирав со принцезата Ана :) Фотки, откако ќе ги зеам од серверот у фото лаб :)
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 09:31 ---
Драга Кајгана,

Еве веќе трета недела на Дизни Фентази, и сеа за сеа е се подобро и подобро. Мислев да пишам долг пост, ама тоа ќе го направам утре, сеа само да пишам дека имав извонредна ноќ офф. Бев на вечера со 8 (осум) жени во еден од рестораните на брод. Сите што работеле на брод знаат колку ретко се случува 1 машко и 8 жени на вечера. Еве да ја откријам тајната. 2 девојки од фото тим и 6 од детска грижа :)
И го гледав најновиот Дизни филм, FROZEN, и се фотографирав со принцезата Ана :) Фотки, откако ќе ги зеам од серверот у фото лаб :)
 
Да не беше фејсбук, немаше да знам дека има заврнато снег.
 
И бидејќи не ми се спиеше, напишав пост у ворд кој сеа ќе му напраам копи пејст :)))

Драга Кајгана,

Еве полека но сигурно се адаптирам на овој величенствен брод, Дизни Фентази. За големината можам да зборам во бројки, 340 м должина, 120.000 тони тежина. 4000 гости и 1500 персонал. Како главна тема од која е инспириран ентериерот на бродот е земен паунот во арт деко стил.

Фото тимот е голем што носи со себе свои предности и маани. Предност е што од време на време се добива слободна ноќ кога не работиш и можеш со уште неколку членови од тимот да одиш на вечера во некој од рестораните на бродот и да гледаш театарско шоу во Волт Дизни театарот. Квалитетот на шоута е толку висок што после едно такво шоу само шоу на Бродвеј може да ти ги задоволи критериумите за квалитет. Мада морам да признаам дека ми недостасува Villains Tonight од Меџик :(

Изминатата ноќ имав слободна ноќ заедно со Надја од Белорусија и Ли од Јужноафриканската Република. Првин го изгледавме Wishes во Волт Дизни Театарот. Шоу за брат сестра и најдобра другарка кои од Волт Дизни Ворлд одеднал влетуваат во светот на бајките. Претходно го гледав шоуто на телевизор и ми беше онака, ама во живо со сите пиротехнички ефекти, со сите тие меурчиња, конфети кои летаат од сите страни, чувството е неспоредливо.

Потоа бевме на вечера во Енимејторс Палет, еден од трите главни ресторани на бродот. Додека чекавме ред да не одведат до нашата маса до нас беа 6 девојки од одделот за детска грижа, и главниот сервер не однесе на маса за 9 луѓе, а колку повеќе, толку повесело. Инаку секој вторник пред да почнеш да вечераш црташ човече на лист од хартија. Потоа листот го скенираат и на крај гледаш цртан филм со сите човечиња кои биле нацртани таа вечер на почетокот на вечерата.

Потоа е фоткавме низ бродот, одевме во студијата каде што не фоткаа нашите колеги, Ли и држеше на Надја обука за фоткање свадби, така да беше мошне весело :) Ако не ме мрзи ќе закачам некоја од фотките и тука :)))

И главниот настан на вечерта, првата фото сесија на принцезата Ана од филмот Фроузн. Позадината е најпопрекрасна, луѓето кои дојдоа во 11:30 навечер беа воодушевени, и изненадувачки, линијата беше ептен кратка по што карактер менаџерот дозволи и вработените да се фоткаат со принцезата, јеее :) Потоа Ли и Надја се двоумеа дали да го гледаат филмот ама коа им кажав дека и онака во среда почнуваме со работа во 3 попладне лесно беше да ги однесам во театарот. Филмот навистина ме воодушеви. Снешкото Олаф е еден од најкул ликови кои ги имам видено во еден филм. На идење кон кабина Ли рече дека ова и е најдобра ноќ офф досега, благодарение на фините луѓе кои беа со неа :)
 
Драга, Денот на дрвото е една голема глупост. За џабе ми го скратија сонот.
 
Снегот ме потсети на една случка од поодамна.
Имаше еден блогер што постираше смртно серизни текстови, ама таа зима кога заврна снег, човекот му пребаја на блогот и направи да паѓаат снегулки.
И јас и уште 7-8 френдици кои никогаш не бевме коментирале кај него, му ја упропастивме дискусијата со коментарите:
„Леле, снегулки“
„Плиииииз, кажи како и јас да направам да ми паѓаат снегулки на блогот“...
:pos::pos:
 
Драга,

Кај е снегот?
Се будам и се што беше бело синоќа се стопило. Исто како и да не ни било бело никогаш.
Ај добро, прв снег е за оваа година.
Јас важно синоќа си го изнауживав. Крц,крц,крц...
До следниот снег. Едвај чекам.

П.С. Барем со чизмите не морам да брзам. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom