Е кајг, мислиш дека со тек на време се менува нешто? И ја така мислев, сумирано последниве 2 месеци тука. Друга соба, поголема (демек старата ми беше тесна), уште лаптопот не се исклучува никогаш, уште пепељарата е полна до горе, а ја упорно качам пикавци внатре, уште сијалицата едвај некогаш да се уклучи... Уште во ќошот ја гледаш собата и размислуваш кој распоред би ти бил пофункционален. Уште ечи галама по ходникот, уште затворен во меѓу ѕидовите на сивиот бетон. Уште убива досада и уште имам глава полна прашалници.
Последниот прашалник што ме фукна прееска е: Кога ќе застанат тие прашалници да се вртат, кога секое прашање што го носат ќе престане да се изобилува и да добива сосема ново значење во зависност на секоја нова случка? Секоја почудна дефиниција на оваа конфузија е глупост, чиста глупост. Ментална свест со некоја си мрежа каде што брзо лута некој занемарлив напон... Мисли... мисли кои често немаат логика, гледаш во невозможното... А уствари си толку слеп да го видиш тоа пред тебе, тоа... возможното...
И така, ден за ден, рацете во џеб, капуљача на глава, луташ... Често незнаеш каде, а кога знаеш, пак прашање: Зошто? И секогаш се се сведува на прашања, некои банални, некои тешки и големи...Некогаш кога ќе размислиш, нема потреба од тоа што го правиш. А често си ја акаш главата во ѕидот, зошто си направил нешто.
И пак прашања...
зошто?
because