Dear friend...
Го живееш животот по некои шаблони, додаваш хедонистички идеи, и така убаво си врви времето... Кога еден ден *бам* гледаш дека поминаа 4 години, и едноставно мислиш што со себе понатака.
Денес бев на дипломска на бебушот и ме наврати едно 4 години флешбек, времето кога се запишуваше на факултет. Time change... people change also. Некои се менуваат за свое добро, други кон подобро. Се сеќавам на моменти коа го губеше компасот, кога викав “биче боље“. Често ми надоаѓа мислата на Брус Вејн кога го прашува Алфред: „You still haven`t give up on me?“, на кое Алфред одговара: “Never".
И се будиш денес после 4 години и сфаќаш дека всушност покрај толку поминато време, некои работи воопшто не се сменија. Тоа е тој момент на бесмртност, кога знаеш макар колку времето ги менува луѓето, макар колкупати си бил сам на светот, знаеш дека некои работи остануваат вечни.
Убаво е кога созреваш покрај такви пријатели, знаеш дека и тие го имаат сличниот тек, знаеш дека тука не постојат компромиси, мерила, вагања. Затоа што сето тоа е бесценето. И во тие моменти ја делиш нивната среќа.
Love always
Saladin