Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Какгано мори, абе стеф се сликал со женско некој викаат братучетка му била, некој викаат дека и платил на некоја 3000 денари за да се слика со него, трети велат дека е проесионална придружничка/старлета/проститутка која му наплаќа на час за да го дружи.
Јас викам абе има ли ова девојче МАЈКА али знае таа мајка со кого ќерка и се спанџала али не знае,дај една делегација да напраиме да и отидеме да и кажеме шо е како е работава да и отвориме очи на жената пошо не верувам дек има таква мајка шо има ќерка за фрлање, а ако знае мајка и да ја пријавиме за негрижа и запоставување на дете и да и се одземе.
Како и да е стеф ќе мора да го пријавиме за лоупотреба на лице со посебни потреби, или пак обратно ќе му дојде, ќе наебе малава у секој случај
 
Е кајг, мислиш дека со тек на време се менува нешто? И ја така мислев, сумирано последниве 2 месеци тука. Друга соба, поголема (демек старата ми беше тесна), уште лаптопот не се исклучува никогаш, уште пепељарата е полна до горе, а ја упорно качам пикавци внатре, уште сијалицата едвај некогаш да се уклучи... Уште во ќошот ја гледаш собата и размислуваш кој распоред би ти бил пофункционален. Уште ечи галама по ходникот, уште затворен во меѓу ѕидовите на сивиот бетон. Уште убива досада и уште имам глава полна прашалници.
Последниот прашалник што ме фукна прееска е: Кога ќе застанат тие прашалници да се вртат, кога секое прашање што го носат ќе престане да се изобилува и да добива сосема ново значење во зависност на секоја нова случка? Секоја почудна дефиниција на оваа конфузија е глупост, чиста глупост. Ментална свест со некоја си мрежа каде што брзо лута некој занемарлив напон... Мисли... мисли кои често немаат логика, гледаш во невозможното... А уствари си толку слеп да го видиш тоа пред тебе, тоа... возможното...
И така, ден за ден, рацете во џеб, капуљача на глава, луташ... Често незнаеш каде, а кога знаеш, пак прашање: Зошто? И секогаш се се сведува на прашања, некои банални, некои тешки и големи...Некогаш кога ќе размислиш, нема потреба од тоа што го правиш. А често си ја акаш главата во ѕидот, зошто си направил нешто.
И пак прашања...


зошто?


because

 
Кајгано од јули неам добиено негативни, а баш се надевав дека скај ќе ми даде зошто не сум дал дескрипшн на песната во ваша песна на денот, али он само ми го избришал мислењето:place:
 
Драга,
Ладно ми е нешто. Па нормално, парно нема. Неплатени долгови. Какви долгови? 85 милиони пари ли се? Нема пари, нема. Ништо нема. Битно постелнината ми мириса на лаванда. Сакам лаванда. Ме смирува. А и потсеќа на убави денови. Убав ден денес, а? Настинката конечно почна да ми попушта. Редно беше. Не сум била забавна у последно време. Епа не сум должна секад да сум кловн у друштво дагоеам. Со недели не сум спиена како што треба. Ај може лавандата ќе заврши работа. Добив гратиси за у кино. Не отидов. Ме мрзеше. Телевизија си гледав. На Иксфакторов едно девојче што чув... ме наежи. Спомнав дека ми е ладно? Ама ако. Така ги челичеле децата во минатото. А и нов фрижидер си купивме викендов. Заборавив сијалица да купам. Секад заборавам. Не пазарувам више у КАМ. Се разочарав. Па колку сака нека е поефтино. Сликата малку криво ми е закачена на ѕидот. Утре ќе ја средам. Ладно да му еам мајката.
Сега можам мирно да спијам.
Гуд најт

П.С: Сијалица да не заборавам да зеам утре... и боца за плинското.
 
Драга

Пренеси им, да не ставаат слики од Џејмс Дин и Мерлин Монро на кавери, или нивни цитати на статуси зошто луѓево мислат дека живи се..
 
Драга,

Стануам прееска, глеам нешто ме боли. Се чепкам за прстов набиен, не е тој... Се фаќам за тил, пошо ме кинеше пред два дена, не е ни тоа... И после, кога малце се подосвестив, сфатив што ме заболело. Ме заболе Тасе за глупиве старлети и курветини!!!

Eве ти нешто што вреди да се види и слушне, за промена од секојдневиево:


Поздрав.
 
Драга,
сум се мрднала јас начисто..од каде насред повтарање на факторите и општествените димензии на културата ми текна на стих од Your song од Elton John?! Па таа песна не сум ја чула можда два месеца и повеќе..И сега ај оди и извади ги тие две реченици од глава?! Е не може бе, не може, мозоков сам ми пее!
Ај може ако ја преслушам и си ја испеам ќе можам пак да се вратам над книга..леле полагам сабајле аааааа!!! И после толку колоквиуми и испити пак ме фаќа трема и паника :pipi:
Ме повикува книгата, чао
 
Ќе им попуштиш и ќе ти се качат на глава, па уште и сенилен те прават. Од 1ви почиње паклена недеља. :icon_lol:


Neke cudne stvari meni prolaze kroz glavu, ja se cesto pitam dali umem dali sam u pravu.
 
Кајгич,
Вечерва лабаво, книгата на биро, сок, Стинг у позадина и ги правам финалните подготовки за утрешниот колоквиум. Се надевам нема да заебам работа.
А зашо Стинг ??? Онака бе кајги, ме опушта. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom