Драга,
Лошо е. Не сум спиена ич синоќа.
Доцна легнав, сабајлево во 7 го пуштија изгледа парното, врска немам што правеа, али такво зуење во мозок одамна не бев осетила. Аууу, цели два саати не заспав. Малце задремав, се јавија комшииве. После се јави и петлето. Да, има петел на две куќи понатака. Ништо од мирен сон не видов, а само тоа ми дава мир. Па глава ме боли скоро цел ден.
Овој газдава е нешто неверојатно. Нешто толку напорно и досадно, гњаватор невиден. Јас мислев дека знам што е оток човек, али овој ме разубеди дека не сум знаела. Сега знам и тоа што е, он е!
Се исти муабети, веќе знам напамет што ќе каже. Кога ќе заѕвони на врата, таман сум си ги стоплила стапалата кои и така секогаш ми се мраз, овој 10 минути ќе ме смрзне тропајќи зелени кои веќе сум ги слушнала. Ако нешто се расипе, цела недела си дава време за тој да поправи, дека е тој мајстор за се, ако не може, е дур тогаш се носи нештото на мајстор. Ај што е оток, али полошо е што се тој знае! Значи се мора да е како тој што ќе каже. Ако тој вика така, и Сонцето ќе изгрее од западната страна.
Повеќе од времето се исклучувам кога збори, не се трпи, а цел живот живеам со досадни луѓе кои по 100 пати може истото да ме прашаат, значи сум истренирана во тој дел. Еднаш или двапати, а може и трипати сум му рекла дека не е тоа точно што вика, зошто стварно нема логика што збори човекот, и сега го гледам не ме замара мене многу.

И така повеќе гаи симпатии кон цимерката, јас дека не ќутам многу и сум далеку попргава од неа, таа е сметана ко пофината.
Веќе не можам да гледам графикони. Не можам да читам која буква што е, што е маргинално, што е корист, што трошок, што еквилибриум по 100 пат во секој предмет, што се екстерналии по милионити пат. Дајте нешто ново веќе, се осеќам ко да се вртам во круг аман.
И така, морав. Ми олесна.
