Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Dear friend

Трет ден во егзил, трет ден во рехабилитација. После состојбата пред една недела со здобиената параноја поради огромното испиено количество на кофеин, лека полека се враќам во посмирена состојба. Иако срцелупањето е сеуште присутно на моменти, зборам за аритмии и такви срања, мислам овие 2 недели ќе ми годат и тоа како за подобрување на здравјето.
Глеам серијава стана мегахит, па ај и јас да бидам во стадото. Truth is дека оваа е сето она што Prison break имаше потенцијал да постане но се расипа. Досеа немало некоја епизода што ме разочарала многу иако ја почнувам веќе 4тата сезона од денес.

Love always
Saladin
 
Абе џабе му е факултет, кога зема упаљач и спреј, се мести и прди, за да направи маѓионичарски оган.
Се сфаќаме, нели?


уффф и те како хахаха 36 години а истите трикови ги праеше....за истиот да не збориме?
него драга моја....ми се јавија за компјутерот!!! и на мене не ми се веруваше ама мислам дека го поправиле :vozbud:
 
Само у земја ко нашава моеш да земеш упат/закажеш електронски за обичен преглед 23 дена после идењето кај матичен.
И` викаш на таа: Are you for real?
или ако глеала Грејс анатоми, Seriously?
For fuck's sake, really?

:icon_lol:

Тоа, пола обавези завршени, продужувам со другите. У принцип кајгана на пола ден е крајно некорисно плус моеш само да дознаеш лоши работи, као на пример дека deep purple настапувале дур си бил млад и зелен, или дека луѓето ептен на велико си заминуваат од македонија (горниот член). И да, обично обавезно се задоволни од старт, се` што не им чинело тука, им чини таму. Можда е вистина, али можда поинаку е на подолги стази, а и дома си е дома. Среден дом, деца, свој народ, транзиција. :P
 
Моментот коа се будиш во прашина, паднат на под, над тебе свири промаја и баш немаш појма што се издешавало... ама го паметиш кошмарот... Стануваш, туш, идеш да јадеш, сепак нешо лошо се осеќаш. Омалаксано и поспано иако после 3 саати... безвезе, сношти некој убаво си се изжурка а Не_Сум_ЏинЏер не отиде во диско :pos:
 
Кајгана, знаеш дека само за ова живеам нели? За да слушам емоции... и да ги доживеам, и да ги фатам во раце, да ги држам за секунда па потоа пак во себе да ги негувам, тие да ме заздравуваат и уриваат на крајот ...
http://www.mixcloud.com/Theatra/radio-drama-peperutka-by-theatra-vol1/
 
Драга
Поминаа 5 дена. Ноктите ми се скроз изгрицкани, претрпев страшни кризи, ама не потклекнав. Полека почна да ми станува полесно. Овојпат не се враќам на старо.


StormRage
ЏинЏер си легна уште у 2:00 и по долго време се изнаспа како човек. Можда пропуштив една луда вечер, ама тоа ќе се надокнади. А добар сон навистина ми фалеше. И што е најдобро, барем сабајле не се разбудив во прашина, на под, над мене не свиреше промаја и имав точни и прецизни спомени од се што ми се издешава претходната вечер :D
 
Драга,

Кога барам некоја услуга од некој, подобро веднаш нека ми каже дека не може/нема време/не сака да ми ја заврши отколку да ми ветува напразно и да чекам со денови или недели на истата. :mad:
 
Драга

Се оди по планот,а денес..денес сум со посебно расположение.А денес,на овој датум,животот ми ги донесе најубавите моменти..Пред три месеци..И се уште трае.:pipi:
Го чекам Петокот...Петок мој најубав ден...
А денес,(пак го спомнувам тој збор)си ја обновив бојата на косата,денес...се претворив во сосема нова личност...
Многу промени направив на себе,за толку кратко време...
Доста бев девојка со врзан реп или разбушавена во патики и тренерки...Доста бев онаа начитаната девојка...Од денес на животот му ставив некои нови посвежи бои...Нови планови...
Вечерва ке го собирам друштвото да ја кажам мојата конечна одлука...Едно ниво погоре! Уште еден чекор напред.Големо залетување.Голем напредок.Се надевам дека ке наидам на разбирање од моите старци...

Ми се пријаде соја...Одам да ја приготвам и да се придружам на телевизорот.Ова беше исцрпувачки но и убав ден.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIL
Драга,
Да се надоврзам на членот над мене... Клеопатра ја предвидела смртта на Дуле. Сериозно???? Сериозно со ова се замараат луѓево? :facepalm: Дојдоа времиња кај што човек не може на раат да умре, од прост и глуп народ ќе почне човекот да се превртува у гроб. Болесници...
 
Деар,

Нов почеток. Ги средив некои работи, се отворија други предизвици итн итн итн...
Имаш интересни дискусии, негде може да се насмее човек, негде да се искара, да трола и така.
Али не можам веќе да те пратам, да ти пишувам. Почна да ми снемува време. Ќе ме има се поретко одредено време.
Сакав да се стретнам со некои членови за кои мислам дека може да има интересна дискусија. Ќе дојде и тоа ама во некои подобри времиња. Се надевам нема да се заборавиме дотогаш.

Твојот Праско
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom