ДК
од прееска од ко разбрав некои работи неможам една мисла целосна да склопам во дипломската, а да не ми забега мозоков на друго место. Ме мачат многу работи, имам многу неодговорени прашања и најверојатно треба да седнам и научам некои работи. Пред се да пробам да не му удоволувам на спротивниот пол, гледам треба да си идиот кон нив ако сакаш да те почитуваат и разберат, ако му ставиш се на тацна, му удоволуваш и мислиш добро нормално дека зад грб нож ти бодат...
Некои луѓе не се тоа што се претставуваат, добро го прикриваат тоа и многу наивно изгледа секоја чест за нив бидејќи ете се искачиле едно скалило од обичниве смртници кои веруваме дека е се како што ни се прикажува.
Self control е најдоброто нешто кое сум го научил во животот, можеби не сум го научил перфектно но се наоѓа и до тоа ниво каде сум стигнат бидејќи ме вади од уште поголемо разочарување и болка во многу ситуации па еве и овојпат.
Жал ми е што сум пресериозен за годините, ете едноставно до оваа возраст поминав низ работи кои двојно постари не ги виделе. Колку и да жалам за грешките кои сум ги сторил нема враќање назад. Ме радува фактот што сум присебен и излегувам од ситуации каде голем број заглавиле,
не се врзувам долготрајно за пороци иако сум пробал речиси се во животот, брзо излегувам од лоша средина иако ми донесла многу материјални добра и уживања.
Кога гледам дечки преку 20 години да се радуваат сеуште со работи на кои се палат пубертетлии и мали деца да бидам искрен ми се дига притисокот. Кога би бил на местото на нивните родители претпоставувам дека ќе ги отпишам од свои деца таквите. Како е можно магаре на 20 и кусуро години да се радува со макети од WOW, да се радува и живее во игра, да станува наутро за да ја игра играта, да ги чита книгите кои се пишувани за тој виртуелен свет, кисне до ниедно време да играл инстанци и незнам што и заебе и факултет и се. Грешка на родителите пред се од моја гледна точка ништо друго бидејќи денес му е дадена преголема слобода на децата и ги испуштаат од рака со тоа што му даваат се што сакаат и никој не бара никаква работа од нив. Ако ваквите вредат повеќе откако некој кој се гледа да направи се во животот тогаш муабетот завршува тука....
Едно само сум свесен дека светов оди многу во погрешна насока, не сакам да бидам од оние кои мислат дека би го промениле и нема ни да се обидам да трошам енергија за таква работа...се надевам дека ќе се сменат некои работи и луѓето конечно да почнат да живеат во реалниот свет и излезат од некои замислени светови и си прават филмови.
Не барам ништо повеќе од тоа што го нудам од никого на светов, нудам почит, доверба, разбирање, љубов и сакам истото и да го добијам, мразам лаги бидејќи ако само малку се потрудам можам да добијам инфо за секого и тоа повеќе од тоа што може да замисли дури и за работи за кои мисли дека ги знае само личноста и никој друг. Не сакам да се изигрувам детектив али добро е да се знаат некои работи, да се каже реалноста во очи и она што го мачи секого и да не ме чуваат за резерва бидејќи барем јас не се сметам дека сум такво нешто.
Се извинувам за долгиов пост на оние кои ќе го читаат, толку сум изнервиран од односот на одредена личност, од она што го дознав пред неколку часа така да ова го правам малку да ми олесни.......