Се допишуваш со некој на фејсу кој не те баш познава (пример пресно додаден кајганџија) и обид за класификација на предрасудите. Вака тоа иде:
1. Ако му одговараш опуштено без да водиш многу сметка за граматиката - тогаш си необразована џукела која не го познава својот јазик. И тоа ги нервира.
2. Ако си граматичка педантерија (со три точки после секоја реченица, оти три запирки одамна е демоде) - тогаш глумиш мастер по македонски и си Мистер Се знам. И тоа ги нервира.
3. Ако одговараш со долги пораки - тогаш замараш. И тоа ги нервира.
4. Ако одговараш со кратки пораки - тогаш си надркан. И тоа ги нервира.
5. Ако одговараш со заебанција - незрел си. И тоа ги нервира.
6. Ако одговараш кратко и јасно - тогаш трипаш дека си некој или си надркан над надрканите. И тоа ги нервира.
7. Ако одговараш со зезање на нивна сметка - тогаш си вообразено умислено бесчувствително копиле. И тоа ги нервира.
8. Ако одговараш со кирилица - тогаш глумиш патриот. И тоа ги нервира.
9. Ако одговараш со латиница - тогаш си неписмен арчач на воздух. И тоа ги нервира.
10. Ако одговараш само со бројки - тогаш никој не те разбира. И тоа ги нервира.
11. Ако не ја видиш пораката и не одговориш - тогаш си игноратор и глумиш зафатеност. И тоа ги нервира.
12. Ако видиш и не одговориш - тогаш глумиш некој фраер. И тоа ги нервира.
Туку кајгич, денес се најдов себичен во желбите и сликава ми дојде ко на типчеџак. Ја крстив комерцијално "Здравиот има милион желби, болниот само една."
