Ај добар ден
денес празник за многу години да е , сите прилепчани кинисаја на Трескавец, чунки премиеро ќе иди мора да се испоштова, а и пат се напрај па лента че се кини
Полека полека си прифаќам реалност, џабе се замарам да им удоволам на сите кога будала испаѓам на крај. Кога му требам тука сум за сите, а во моментите кога сум на цедило од 20 телефони на тој што не се надеваш тој ти помага, а оние со кои си делел и последен залак не те ебаваат ни два посто. Али ОК тркало е животов па ќе се сврти си велам да дојдат мои 5 минути.
Преладен од вчера, добро наврнат али барем нервозата си помина ќе кулирам малку денес, па од утре продолжува животот турбо и по старо.
П.С се нервирам со домашниве ме збудалија со држење говори околу мојот живот. Едноставно така сакам и така ќе живеам не одам никаде, добро ми е дома, сакам да живеам по мои правила, знам да се грижам за здравјето и крај.
Мила моја сакана,
да ти го честитам празникот на тебе и на сите форумаши,православни по вероисповест.Нека ве чува Богородица и да си имате се што сакате
Убав фамилијарен ден,дури и свежо,мириса на есен враќање во рутината again...
Драга,
Дипломската е испратена. Нов аватар е ставен. Ова изгледа за да се означи дека почнува друг период а? Епа ај во тој другиот период да си најдам работа. Што побрзо ако може, оти откако ја потрошив последната рата од стипендија се осеќам како паразит.
Ако некој бара економисти нека пише пп.
Да се запрепастиш од неодговорноста и инертноста на факултетите кај нас. Државен универзитет, не смее да си дозволи такви работи.
Ама во Македонија сме, за џабе пишувам.
Кајганчиште,нели требаше да се стрижам,како глумец..... е заеби малер си е малер.
Умрел таткото на фризерот,а денес испадна не работен ден празник (демек),а јас останав не стрижен 2 месеци,затепан у главата.... трагедии
Си велиш спремен сум јас,тоа е тоа,го сакам,ќе го направам,морам,и на крај ти се здрвуват нозете и си велиш "шо правам бе јас" ?
Ама,ама,ама.....тоа е тој пат,неубавиот шо воде до некое чешмиче селско со водичка,а ти изморен пешачиш низ пустина,пустина кај шо си сам и никој не те кхм 2 посто......на крајот чешмичето че биде наградата
Драга, ситуацијава беше во најмала рака... awkward. Што е најлошо пола од луѓево знаеја што се дешава и упорно зјапаат во мене, а другиве што не знаат пак зјапаат во мене пошто нели оние што знаат зјапаат во мене Али добро се снајдов, си платив кафето, ташната на рамо и дим да ме њама. И еве сега си седам дома и мислам дали откажам за вечер и да си седам дома овие два дена додека да се стабилизира околината. Или па сепак да излезам?
А и овие моиве две што другарки ќе беа, ме изреметија на пат до дома, како да не ми беше доволно непријатно.
Тоа е тоа кај мене. Кај тебе што има?
Драга,
како и минатата, така и оваа недела отпишувам 2 кг. од мојата тежина. Како да беа малце претходните 2, па и сега уште 2.
Се нервирам... не личам на човек, а како иде работава со компликации и пропратни терапии уште повеќе ќе се слабее.
Дали некогаш ќе се среди се, барем на ден - два?
Само да ти се пожалам, не дека ќе се смени нешто.
У меѓувреме...
I just want to sail away
From it all
Freedom is impossible
This I know...
коа денот е тмурен а за по кратки, уште се мисли дали да почне или да не почнува, работен ден а уствари празник, празни улици, ветар ... (рано сабајлево, у случај да сте го пропуштиле )
Самиот на себе не можам да си поверувам колку кондиција имам, ова интензиното вежбање ме направи камен во нозете ништо не чувствувам ни болки ни замор.....
Трескавец го качив и слегов како од шега ајде слики од мобилен ....
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.