Драга,
Ако има нешто поубаво од утро во лето, јас глава сечам.

Меѓу 6 и 7саат поготово. Се разденува, сонцето се појавува, не е жешко воопшто, таман да си испиеш едно кафе одсабајле, или во мојов случај млеко, оти јас не станувам сега, јас сега ќе легнувам. И да, пијам млеко скоро секоја вечер (утро), ко бебе сум. Се за добар сон.
Денес ништо не чепнав од таа книгата. Ретко ваков стресен емоционален ден, за кој јас сама сум си виновна, али мораше да се случи. Не ми се пишува за тоа, можеби деновиве, ако престане да ме боли додека мислам на тоа. Така требало да биде, онака ... Се тешам дека тоа што треба да биде, ќе биде, судбината си го прави своето. Сега се оставам во нејзини раце ... И на времето, јас дигнав раце од тоа да ги држам конците во мои раце, се изморив.
За предметов, мислам оти најзафркнатото си го оставив на крај да си го полагам за годинава. Немам надеж, јануари го гледам се појасно, освен ако не ме погоди луда среќа. Од кога ќе се наспијам, ќе почнам турбо, нема заебанции, еден ден одмор е доста. Таман да ми се оттргнат мислите.
Цимерчето мое ќе оди на пракса во странство до октомври. До октомври!
Јас сама цели две недели во Скопје бе. Нема да шетаме по излози, ко што го вика она тоа - window shopping

, а и ќе нема со кој да се расправам чиј ред е садовите да се измијат. Сама со себе, сама со паметов, сама со мисливе, јјјеееејјјјјјј, ќе се мрднам.

Не сакам кога сум сама, навикната сум на полна куќа со луѓе.
Темата за Блам состанок ти е лек за сите бубачки во глава инаку. Се смеев ко мрдната во 7 сабајле.
Уште една чаша млеко, уште една епизода од серијава и ставам точка за денес.
И извичник. Секако и прашалник. Огромен.
Лош ден.