Кајганче!
Чуството да легнеш во свој кревет, да си ја гушнеш перницата и да потонеш во сон е неописливо

. После 15 дена трчање, потење, спиење во автобус, мрчење на комшиките за нивната прегласна музика од која не моеш очи да склопиш It's good to be back home

. Не знам од кај да почнам, а богами и не знам со кое место да завршам. Италија е прекрасна, пицата им е врв, кафето перверзии, а во тесните улички се снаоѓав и италијанскиот го парлав како да сум родена таму

. Плажите во Шпанија, фламенкото, ноќниот живот, Барселона.. абе предобро! Кец на десетка : бев на утакмица Барса - Сантос на Камп Ноу

. Си го усовршив и шпанскиот

.
Французите не ставија на диета после гнетењето претходно, ладен народ како што претпоставував, али Монте Карло а особено Кан ме импресионираа. На улица секоја трета кола беше или Ферари или Ламбурџини или Бентли

. Само ги погледнував и длабоко воздивнував како на нив така и на прекрасноста и воедно елитноста на Франција. Толку средено, толку наццкано да ти е жал да фрлиш пикавец на асфалт.
Џабе се обидувам да ти преточам барем дел од она што го видов и искусив, тоа не може да се раскаже во еден ден, а камоли во еден пост

.
Назад во Скопје, со секојдневните обврски и дешавки, мене веќе ми недостига Лорет де Мар, дружбата и алармите во 4 саат сабајле кои не' собираа сите од 6ти спрат на едно купче кое потоа ќе го дочека изгрејсонцето глупирајќи се до бесвест

.