Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Ако веќе се толкави манипулатори, нека го употребат тоа за да постигнат нешто добро, а не само за нивна корист или ради тоа што им е досадно...
Од утре планирам зголемена физичка активност за исфрлање на негативна енергија и конечно привршување на дипломската. Се опуштив многу и и‘ дозволив мрзата да ја превземе контролата... Ај барем нема да мислам постојано на глупости и на тоа колку е жешко.
 
Драгичка,
Си го наполнив фрижидерот до хајникен.
Мераци ќе има неделава. До врв ми е полн со пиво! :love:

Иначе, денес открив ново чудо!
Бамјата! Од сега ќе ми биде редовна намирница при готвење.
 
Драгичка,
Си го наполнив фрижидерот до хајникен.
Мераци ќе има неделава. До врв ми е полн со пиво! :love:

Иначе, денес открив ново чудо!
Бамјата! Од сега ќе ми биде редовна намирница при готвење.
Алкохолик:D,ако не моеш да го испиеш викај на помош:).
--- надополнето: 7 август 2013 во 20:33 ---
Инаку ја добар фала на прашање,и по дома арни смо:D.
 
Fuck y'all basic bitches <3
 
ДК
Еееее која будала сум омилен човек ми е Јип Ман и неговото учење али ги прекршувам неговите правила и совети. Се силам и од то шо можам повеќе па затоа и ја зафркнав раката и има да паузирам добри 2 месеци од вежбање :mad:. Денес умирам од болки али така и ми треба кога се доведувам до ситуација кога телото не слуша али мозокот упорно му вика туркај не застанувај. Тоа е тоа сега.
Инаку маки мачам со соништа, 2 минути да подлегнам сонувам и тоа се некои лоши сонови и неповрзани (барем јас не ги разбирам) ко некој пророк станав. Кога ги раскажувам на луѓе кои се разбираат излегува дека многу работи кои се случуваат сум ги сонил предвреме али несум свесен бидејќи незнам да ги протолкувам.
Прв ден измотан во овие завои и лангети збеснувам, а како ќе издржам наредни 3 недели незнам ни самиот. Памтам како ми беше пред 2 години со ногата и пред 4 со десната рака, па сега и левата најдов да ја штавам. Лани рамото ми скина 2 месеци речиси и излегов тотално од форма и еве историјата се повторува.
Шо му стана на народов се чудам, луѓе кои ми се комшии 20 години досега едвај едно здраво ми велеле а сега муабети мн почнаја да ми прат да си ибат бесните шо не ме бендисува многу многу оти претежно кога му треба на некој нешто почнува да ми обрнува внимание.
Чудно е кога не си вратен долго време во родниот град и одеднаш децата кои си ги знаел израснале повисоки и поголеми и од тебе. Денес се зачудив кога девојче кое го гледав како проодува и е помало 6 години од мене станала стројна мома и едвај ја познав...растат деците. Убај девојки низ ова прилепов и по комшииве али некако не ми е дојдено ни до женска барање ни до излегување, малку одмор од се периодов. Ај одам да учам оти ќе го јадам ако не се запнам малку и не дипломирам на време.:unsure:
 
That awkward moment when атеисти им ги честитаат верските празници на верници од муслиманска вероисповед, само за да докажат колку се либерални, а истовремено плукаат на христијани. Е не можум бе! Крајот не се догледува од толкава хипокризија! :facepalm:
 
И јас тоа го приметив Драга,
Истите тие го плукаат Велигден, Илинден и Голема Богородица, а на муслиманиве уште у 5 сабајле им честитале. Кое лицемерие владее тоа чудо едно.
 
Честит празник Св. Петка на сите мои пријатели од христијанска вероисповед.
Честит празник Рамазан на сите мои пријатели од муслиманска вероисповед.
Честит празник на знамето на сите мои пријатели од Шведска, воедно и среќен именден на кралицата Силвија.
Честито раѓањето на Доменик Де Гузман на сите мои пријатели кои се членови на доминиканската црква.
Честит ден на Фармерот на сите мои пријатели од Танзанија.
Честит Ба-ба ден или Ден на Таткото на сите мои пријатели од Тајван.
И на крај честит ден на Лубеницата на сите мои пријатели од Туркменистан.
 
ДРАГА КАЈГАНО

ИМА МИГОВИ КОГА ПОСАКУВАШ, А ЖЕЛБАТА Е НЕОСТВАРЕНА...
КОГА ЈА ЗБОРУВАШ ВИСТИНАТА, А НИКОЈ НЕ ТЕ СЛУША...
КОГА САКАШ, А ЉУБОВТА Е ЗАБРАНЕТА...
КОГА ПЛАЧЕШ, А СОЛЗИТЕ НЕ ТЕЧАТ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom